2-те најчести причини зашто децата ве лажат

2-те најчести причини зашто децата ве лажат

Замислете ја следнава ситуација. Влегувате во кујната и го гледате вашето дете како седи покрај масата и си игра на својот таблет. Го прашувате „Му даде храна на кучето?“ „Да“ ви одговара тоа, без да прекине со својата игра. Одите до местото каде што стојат чиниите на кучето и гледате дека тие се празни, како онаа за храна, така и чинијата за вода. Кучето стои до нив и испушта крици дека е гладно. Се враќате кај детето и го прашувате „Не го нахрани, нели?“ Станувате лути. Не само поради причината дека кучето е гладно, туку дека вашето дете ве излажало. Токму затоа и сакате да му го одземете таблетот и да го казните сè додека не ги заврши сите задолженија.

(1) 2 најчести причини зашто децата ве лажат

Вакви и слични сцени се дел од секојдневието во семејствата со деца, а родителите во тие моменти реагираат многу бурно и преземаат најразлични мерки за казнување. Но, пред да донесете каков било заклучок, не заборавајте дека мозокот на вашето дете работи поразлично од вашиот. Постојат две можни причини зашто децата секогаш ве „лажат“.

1. Детето запомнило дека треба да заврши некоја задача, но не запомнило кога

Ова особено се јавува кај деца кои имаат недостиг на внимание, анксиозност или други слични симптоми. Тие се соочуваат со недостиг на паметење за работните задачи и затоа имаат потешкотии при нивното повторување и извршување. Многу често, детето запаметува дека треба да го нахрани кучето, но не може да се сети дали тоа дејство се случило денеска или изминатите денови. Хранењето на кучето денеска е исто со хранењето на кучето вчера или минатата седмица. На децата им е тешко да запомнат кој е кој ден, па затоа нивните одговори може да ви звучат како „лага“.

(2) 2 најчести причини зашто децата ве лажат

2. Лажењето е одбранбен механизам против стресот

Сетете се на некоја ситуација кога сте биле под стрес или во некаква опасност. Тогаш најверојатно сте чувствувале кнедла во вашето грло, ви се „кренала косата“, а дишењето било плитко и брзо. Во таквите ситуации, вашиот мозок се исклучува, ви врие крвта и имате огромно количество кортизол во организмот. Кога ќе го прашате вашето дете зошто не ја напишало домашната задача, не го нахранило кучето, не ја исчистило собата, тоа кај него предизвикува иста таква стресна ситуација. Во тој момент, сè што детето посакува е да се чувствува повторно безбедно, па затоа лагата му изгледа како ефективен начин на одбрана.

Според д-р Џероми Шулц ваквиот тип однесување се случува бидејќи детето се одлучува да излаже поради страв, избегнување, стрес и барање бегство од дадената ситуација. Шулц објаснува дека голем дел од однесувањата кои изгледаат негативно или лошо, се всушност само еден начин детето да се самозаштити и исто така, свесно или несвесно, да ја прикрие својата некомпетентност.

(3) 2 најчести причини зашто децата ве лажат

Но, без оглед дали вашето дете лаже намерно или ненамерно, неговото „Пинокио однесување“ може да се држи под контрола. Еве како…

Користете дневен распоред за да ги најдете проблемите со меморијата

Еден од најдобрите начини е да му дадете листа со задачи. Кога детето ќе ја напише домашната задача или кога ќе го нахрани кучето, тоа треба да го забележи на листата. На тој начин, ќе може да си визуализира кој задачи ги завршило во тековниот ден.

Препознајте кога детето се чувствува загрозено

Наместо да го обвинувате, кажете му смирено „Не си во неволја, кажи ми што се случи“. Потоа, обидете се да излезете од кругот каде што тоа се чувствува небезбедно: нека дише длабоко, нека се напие чаша вода, нека има некаква физичка активност. Зборувајте што навистина се случило, но откако детето ќе се смири и почувствува безбедно.

Бидете љубопитни и покажете емпатија

Наместо веднаш да избрзувате со казни и викање, обидете се да направите еден искрен разговор со вашето дете и да дојдете до причината поради којашто тоа ве излажало. Обидете се да му покажете дека верувате во него и заеднички најдете решение на проблемот со неговото лажење. Сепак, вистината е дека секое дете сака да биде добро, а вие ја имате моќта да му помогнете на патот кон успехот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар