Инстаграм инспирација: Најпопуларниот пролетен модел на блуза за 2019 година

Секоја година, благодарение на социјалните мрежи, имаме можност да видиме како одредени парчиња облека се издвојуваат во однос на другите и стануваат едни од најбараните ширум светот. Токму тоа во моментов се случува и со една блуза, којашто е толку впечатлива и романтична, што се чудиме како порано не станала толку популарна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marie von Behrens (@mvb) on

Станува збор за модел на брендот Орсеунд Ирис, зад кој стои младата дизајнерка Алана Џонсон. Таа е толку популарна и добро позната во светот на модата, за што сведочи и фактот дека можете да видите нејзини креации на големи имиња како Бела Хадид и Емили Ратајковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by XENIA ADONTS (@xeniaadonts) on

Истовремено и секси, елегантна, опуштена и свечена, оваа блуза освојува на прв поглед затоа што е соодветна за сите настани на кои можете да помислите. Слободно можете да ја облечете за дневна прошетка во парк од каде што ќе се насочите на попладневно кафе со пријателките и потоа ќе се упатите кон дискотека за луда забава. Кројот на оваа романтична кошула е инспириран од Викторијанската ера, а ја краси длабоко деколте, големи набори на струкот и пуфкасти ракави. Иако нејзината цена изнесува вртоглави 540 долари, таа сепак веќе се прошири низ социјалните мрежи, па голем број девојки ја имаат – или купена, или рачно сошиена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BELEN HOSTALET (@belenhostalet) on

Модните дизајнери советуваат: 3 парчиња облека што секогаш треба да се купуваат во поголем број.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар