Имате аксесоари во жолта боја? Еве како да ги носите оваа сезона!

Имате аксесоари во жолта боја? Еве како да ги носите оваа сезона!

Самиот поглед на жолтата боја предизвикува различни чувства кај луѓето. Повеќето ги асоцира на сонце и среќа, но на некои не им се допаѓа тој блесок што го овозможува истата. Ист е случајот и кога станува збор за модните комбинации во оваа боја – на многумина им го поправаат расположението и затоа одбираат да ги носат, додека на останатите им смета толкава количина жолта боја на себе. Но, немојте да се откажувате од оваа прекрасна боја, бидејќи и за неа има решение. Доколку навистина ви е премногу да носите панталони или јакна во жолта боја, тогаш одлучете се за детали, кои ќе ја освежат комбинацијата, но и ќе го поправат вашиот ден.

За изборот на оваа боја можеме да кажеме дека има поголема врска со тоа каква личност сте, отколку со тоа каков е вашиот стил. И затоа е многу важно да се чувствувате пријатно додека ја носите. Доколку барате идеи на кои начини можете да ја носите жолтата боја во наредната сезона, тогаш сте на вистинското место, бидејќи ние ви нудиме неколку предлози кои веднаш ќе ве освојат.

1-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Секогаш можете да започнете со чанта во оваа весела боја. Таа ќе ја „разбие“ монотонијата на еднобојната комбинација и ќе донесе нов изглед на веќе носеното парче гардероба. Доколку мислите дека жолтата боја е тешко да ја вклопите со останатите бои, се лажете, бидејќи таа баш поради нејзината силина одлично се вклопува со многу бои и им дава нова димензија. Фантастично се вклопува со сината, зелената, па дури и виолетовата и циклама боја. Особено ако жолтата е застапена во деталите и чантата, тогаш е вистински погодок, бидејќи ќе имате парче кое ќе им даде нов изглед на старите комбинации. Со црната и белата боја се подразбира, па тука нема да се задржиме.

2-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 3-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Каишот во жолта боја ќе биде одличен избор баш тогаш кога ќе сакате нешто мало, скоро невидливо, со цел да ја освежи еднобојната комбинација, а не сте сигурни точно што би можело тоа да биде. Тенок каиш ќе им даде светлост на темните парчиња гардероба.

4-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 5-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Да носите пар жолти обувки значи дека ги сакате новите трендови, кои се вклопуваат со вашиот женствен стил кој го негувате. Можете да ги носите со сите комбинации, започнувајќи од тексас, лежерни и секојдневни, па сè до шик стајлинг за вечерно излегување. А, доколку сте девојка која најчесто е во фармерки и патики, тогаш немојте да ги заобиколите оние класични, но жолти патики, кои на секоја лежерна комбинација ќе ѝ додадат малку боја и живост.

7-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

6-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Марамите или аксесоарите за коса во весела жолта боја се само уште еден начин како вашите модни комбинации да заблескаат, но на умерен и сведен начин кој ќе ви се допадне. Марамата во жолта боја на еднобојна кошула никогаш нема да биде погрешен избор, а можете и да ја врзете на рачката од вашата чанта и на тој начин да му дадете нов шмек на веќе старото парче. Панделките и венчињата за коса, доколку вашата коса е темна, можат да бидат еден од интересните начини да покажете смелост и креативност во комбинирањето.

8-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 9-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

И за крај, доколку овие жолти детали претставуваат премногу боја за вашиот вкус, тогаш ви препорачуваме накит во златна боја, кој можеме го ставиме во категоријата на жолти нијанси. Накитот во металик златна боја секогаш може да го збогати изгледот за кој сте се одлучиле и да додаде додатна доза луксуз и елеганција во вашиот стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар