Експертите советуваат: Како да внесете повеќе среќа во 2019-та година?

Експертите советуваат: Како да внесете повеќе среќа во 2019-та година?

Ако сакате да внесете повеќе среќа во 2019-та година, експертите сметаат дека треба да преземете поголема контрола отколку што мислите. Често се верува дека среќата е нешто со коешто или сте родени, или ќе го немате. Други пак веруваат дека среќата доаѓа сосема случајно во нашите животи. Но, постојат неколку начини со кои вие можете да влијаете на вашата среќа и да ја внесете во вашиот живот.

Експертите советуваат: Како да внесете повеќе среќа во 2019-та година?

1. Грижете се за вашето ментално здравје

Основата на среќата е грижата за себе, а овде спаѓа и грижата за вашиот ум. Анксиозноста прави луѓето да мислат дека ќе се случи нешто лошо и да ги интерпретираат неутралните нешта на негативен начин, а кога навистина ќе се случи нешто лошо прават непотребна драма. Поради ова погрешно ги пресметуваат ризиците и потешко им е да закрепнат од тешките периоди. Со други зборови, ако можете да ја задржите вашата позитивност без разлика на околностите, вие сте подготвени за среќа и не ви е страв да излезете од удобната зона и да преземате ризици.

Се разбира, грижата за менталното здравје е различна за секого, но еден важен аспект што треба да го земете предвид е влијанието на социјалните мрежи врз вас. Не заборавајте дека вашите омилени Инстаграм блогери и блогерки ги покажуваат само најдобрите аспекти од нивните животи, па бесцелно е да се споредувате со нив. Ова споредување има непотребно лошо влијание на вашата самодоверба. Па ако сфатите дека сте обесхрабрени од социјалните мрежи, обидете се да ги замените со средба во живо со пријателите и познаниците.

2. Прочитајте го вашиот хороскоп

Без разлика колку верувате, кога ќе го прочитате вашиот годишен хороскоп ќе сфатите колку се менува среќата во текот на една година. Доколку верувате во астрологијата, можете да ја искористите како водич за вашите среќни денови. Ќе знаете кога ќе имате најмногу можности и ќе знаете кога треба да делувате.

3. Слушајте го вашиот инстинкт

Друго важно нешто што треба да го земете предвид доколку сакате да бидете посреќни во новата година, е вашиот инстинкт. Најсреќните луѓе го имаат ова шесто сетило. На пример, ако треба да одберете помеѓу две работни места, фокусирајте се на она што ви го кажува инстинктот. Лесно е да ви се одвлече вниманието од факторите како плата, но ако одберете нешто што прави да се чувствувате убаво, веројатно ќе вложите повеќе страст и креативност за разлика од работата која изгледа добро само на хартија.

4. Излезете надвор

Откако ќе го слушнете вашиот инстинкт, потребно е и да делувате. Едноставен начин да го направите ова е почесто да кажувате „Да“. Истражувањата укажуваат на фактот дека оние кои се покажуваат и кои се поприсутни имаат повеќе среќни можности за разлика од оние кои одбираат да останат дома.

Се разбира, ова не значи дека треба да ја прифаќате буквално секоја можност, бидејќи важни се и грижата за себе и поминувањето време сами. Но ако постојано избегнувате можности, нема како да ги искористите. Среќата може да ве најде, но потребно е да бидете таму за да ја пречекате.

5. Бидете свесни за вашите очекувања

Секогаш фокусирајте се на чувството што сакате да го искусите, а не на исходите. На овој начин ќе бидете отворени за тоа како нештата ќе дојдат до вас и поголема е веројатноста да ги најдете полесно.

Ако станува збор за фитнес, веројатно вниманието ви го одвлекува целта што сте си ја поставиле. Ако не вежбате одреден период или со одредени интензитет, најверојатно сметате дека целото вежбање било бесцелно.

Иако секогаш е добра идеја да си поставите цели, најважно е да не бидете престроги со себе кога нештата нема совршено да се одвиваат по планот. Конкретно за вежбањето, подобро е да се фокусирате на тоа како се чувствувате по тренингот, наместо да бидете разочарани бидејќи сè уште не гледате физички резултати.

6. Практикувајте добрина

Додека преземањето иницијатива има важна улога во привлекувањето на позитивноста, вашето однесување без сомнение е дел од равенката. Ги оценуваме луѓето според нивната топлина и компетентност и без сомнение, топлината е секогаш поважна. Кога сте со други, начинот на којшто ги третирате има големо влијание врз енергијата што ја привлекувате. Сите луѓе сакаат да бидат опкружени со личности кои се безбедни и кои прават да се чувствуваат убаво.

Доколку не сте сигурни за вашите новогодишни одлуки, погледнете ги одлуките кои секој треба да ги спроведе на почетокот на годината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар