Еден ден некој ќе ја види магијата на вашето постоење и нема да ве пушти

Еден ден некој ќе ја види магијата на вашето постоење и нема да ве пушти

Не е лесно да седите во позадина и да гледате како вашите пријатели се во врски, се венчаат и започнуваат семејства. Дури и ако сте задоволни со вашиот сингл статус, понекогаш не можете а да не се запрашате зошто сè уште не сте ја нашле вистинската личност за вас. Понекогаш едноставно посакувате да имате некој кој ќе ве сака и ќе биде овде за вас.

Еден ден некој ќе ја видe магијата на вашето постоење и нема да ве пушти

Ќе постојат моменти кога ќе се прашувате дали сте доволно добри, дали правите нешто погрешно и кога ќе ја пронајдете вистинската личност. Кога ќе бидете преоптоварени со овие прашања, не заборавајте дека сте доволно добри и дека не правите ништо погрешно.

Живееме во голем свет и има совршена личност за секого. Едноставно на некои им е потребно повеќе време да ја пронајдат оваа личност.

Немојте да брзате и да се смирите со погрешната личност. Заслужувате да бидете со некој што навистина се грижи за вас. Заслужувате да бидете со некој што ќе ве сака и ќе ве цени. Бидете трпеливи и чекајте. Важно е да разберете дека нема секогаш да бидете сами. Прашање на време е кога ќе дојде вистинската личност.

Еден ден некој ќе ја види магијата на вашето постоење и нема да ве пушти. Еден ден некој ќе ве гледа со вистински восхит. Кога ќе погледнете во очите на оваа личност, ќе ја видите нејзината искреност. Нејзината љубов, добрина и присуство ќе ве остават без зборови. Нејзината страст ќе ви го промени целиот свет.

Еден ден некој ќе биде благодарен што имал можност да запознае некој неверојатен како вас. Некој ќе гледа во вас и ќе се прашува како никој друг не ја забележал магијата во вашите очи. Како некој ве оставил без да го види убавиот универзум што живее во вас.

Еден ден некој ќе донесе светлина во вашиот живот и ќе направи да заборавите на лошите денови. Ќе дојде личност која ќе го сака секој ваш дел. Личност која ќе ја види убавината зад вашите недостатоци. Личност која ќе ја сака вашата физичка, но и внатрешна убавина уште повеќе.

Еден ден некој ќе ве сака лудо, искрено, длабоко, страсно и со целото негово срце. Ќе разбере дека понекогаш сте љубоморни, анксиозни или депресивни, но секогаш ќе биде овде за вас. Јасно ќе ви ја покаже љубовта кон вас. Воопшто нема да се сомневате во тоа. Нема да има лаги и преправања.

Еден ден некој ќе ги дознае вашите стравови, слабости и силни страни. Нема да ви суди без разлика колку ви е мрачно минатото. Ќе ве прифати без разлика на сè.

Еден ден некој ќе биде покрај вас и заедно ќе се соочите со светот. Ќе ве штити, ќе биде вашата сила и ќе биде вашиот штит од животните проблеми. Ќе се бори за вас и нема да дозволи ништо и никој да ве повреди.

Еден ден ќе дојде некој кој ќе знае што точно да каже за да ве насмее. Ќе дојде личност која ќе знае што ве прави среќни, што ве возбудува, а што ве прави тажни.

Еден ден некој ќе биде доволно храбар за да се отвори пред вас. Ќе има моќ да направи да се чувствувате сакано без да изусти ниту еден збор.

Еден ден некој ќе го разгори огнот во вашата душа. Некој ќе ве разбуди и ќе се чувствувате поживо од кога било. Овој оган ќе се прошири низ секоја клетка од вашето тело. Ќе чувствувате неверојатна привлечност.

Еден ден ќе се појави некој и ќе ви помогне да сфатите зошто заминале другите. Ќе сфатите дека нивните раце не биле доволно силни за тежината на вашето срце. Ќе сфатите дека тие што си заминале не заслужуваат личност како вас.

Ќе се појави личност што ќе ве натера да се запрашате како сте имале толку среќа. Штом таа личност ќе дојде во вашиот живот, ќе сфатите дека чекањето се исплатело. Ќе ја добиете љубовта за којашто отсекогаш сте сонувале.

Еден ден некој ќе ве прегрне многу силно и нема да ве пушти. Ќе сфати дека вие сте личноста која ја барал.

Еден ден ќе сретнете личност која ќе го има секое нешто што сте го посакувале. Ќе ја види магијата на вашето постоење и ќе остане.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар