Чувствувате дека се разболувате? Направете ги овие 4 нешта за да ја спречите појавата на настинката

Чувствувате дека се разболувате? Направете ги овие 4 нешта за да ја спречите појавата на настинката

Сите знаци се тука: грлото ве гребе, кивате, почнува главата да боли… Накратко, чувствувате дека во секој момент ќе се разболите. Но, не се предавајте без битка! Со помош на следниве 4 нешта вие можете да му помогнете на вашето тело полесно да се избори со настинката и да ја спречите пред таа целосно да се појави.

Чувствувате дека се разболувате? Направете ги овие 4 нешта за да ја спречите појавата на настинката

1. Пијте цинк

На секои неколку часа, додека ги чувствувате симптомите за настинката, земајте по 1 таблета цинк. Станува збор за состојка која е цар помеѓу минералите, бидејќи успешно се бори против вируси, бактерии и настинки.

2. Изедете пилешка супа

Топлата пилешка супа ќе го исцели вашиот ослабен организам и ќе ви овозможи поголема сила за борење против настинката. Доколку во супата додадете и различни видови зеленчук, магдонос, лук, спанаќ и слично, вие ќе добиете хранлива бомба која ги победува сите причинители на настинки и грип.

3. Пијте витамин Ц

Штом ги почувствувате првите симптоми на настинката, веднаш почнете да пиете витамин Ц и не престанувајте сè додека симптомите не исчезнат. Една возрасна личност во просек треба да внесува по 1 грам витамин Ц дневно. Токму затоа и направете си една моќна напивка од портокал, грејпфрут, киви, пиперка и кељ со цел да го обновите вашето тело.

4. Наспијте се

За време на спиењето, имунолошкиот систем испушта протеини кои се борат против настинки и инфекции. Исто така, доколку вашето тело е поодморено, вие полесно ќе се изборите против вирусите и воспалението. Токму затоа обидете се секоја вечер да спиете по 8 часа, бидејќи според истражувањата, оние кои спијат помалку од 7 часа имаат поголема шанса да се разболат отколку оние кои спијат повеќе.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар