Брз и вкусен рецепт за солени стапчиња со сусам и афион

Доколку сте љубители на крцкави солени стапчиња, денес ви прикажуваме еден одличен и евтин рецепт, кој се прави брзо, а со кој можете да ги изненадите вашите најмили

Брз и вкусен рецепт за солени стапчиња со сусам и афион

Потребни состојки:
  • 500 грама брашно
  • 230 милилитри зејтин
  • 2 децилитри бело вино
  • 50 грама сусам
  • 50 грама семе од афион
  • 2 лажички сол
Начин на подготовка:

Замесете го тестото од зејтин, брашното, виното и солта, па формирајте две до три правоаголници со дебелина од околу половина сантиметар. Едната страна од секое парче посипете ја со сусам, а другата со афион. Исечете мали стапчиња со ширина од еден сантиметар и секоја свиткајте ја неколку пати. Наредете ги во сад за печење и печете на температура од 220 степени, околу 15 минути.

Потоа, уживањето може да започне!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар