Без високи потпетици, алкохол и бакнување: 14 важни правила за првиот љубовен состанок

После долго време конечно сте повикани на љубовен состанок и за прв пат ќе седнете насамо со него. Ова ви е единствена прилика да се покажете во најдоброто светло. Не заборавајте дека првиот впечаток е доста важен, па доколку го уништите, тешко дека ќе следува друга прилика. За да си ги зголемите шансите за успешен прв состанок, прочитајте ги следниве правила…

1-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_

1. Немојте да облечете фустан на правиот љубовен состанок. Не дозволувајте му да ги види вашите колена, бидејќи мажите се слаби на нив, а вие сигурно не сакате да ја разбудите неговата фантазија уште на почетокот.

2. Шминката не треба да биде нападна, колку поприродно толку подобро.

3. Избегнувајте ги прашањата за неговото семејство и никако немојте да го прашувате кога ќе биде вашиот следен состанок.

4. Не нарачувајте голема количина храна во ресторанот.

5. Немојте да носите високи потпетици. Ако е состанок на слепо, а мажот низок, и двајцата ќе се најдете во незгодна ситуација.

2-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_

6. Не проверувајте го вашиот мобилен без причина, особено ако овој состанок навистина ви значи.

7. Договорете се со вашата пријателка да ви заѕвони во одредено време, за да оставите впечаток дека сте барани.

8. Никако немојте да се напиете на првиот состанок.

9. Не покажувајте му фотографии од вашето милениче.

3-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_

10. Задолжително запомнете го неговото име.

11. Ако тој ги спомне имињата на својот брат или пријател, запомнете ги и нив. Тоа е знак дека го слушате.

12. Дозволете му тој да ја плати сметката.

13. Без бакнување! Оставете го бакнежот за следниот состанок.

14. Никако не измислувајте приказни за себе, бидејќи можете да ги заборавите до наредниот состанок, а тој може да ве потпраша за нив.

4-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар