За кул девојки: 6 пролетни и летни мејкап трендови

За кул девојки: 6 пролетни и летни мејкап трендови

Во споредба со модата, шминката ја доживуваме како рутина, како нешто што е секогаш исто, а единствената варијација што ја правиме кога е шминката во прашање е дилемата дали да ставиме посилен кармин или не. Но, ова е погрешно. Ако можете да експериментирате кога е во прашање модата и секој ден да посакувате нова, поразлична модна комбинација, зошто да не биде така и со шминката и фризурата? Можеби не ви одговара баш сѐ, но ајде да погледнеме со што располагаме и на таа основа да смислиме нешто заедно. А за почеток, да ги погледнеме клучните бјути трендови за пролет/лето 2017!

0-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_

1. Голем избор на бои

Оваа сезона, кога станува збор за мејкап трендовите, ја имате целата слобода при одбирањето бои. Сите бои се во игра! А потоа, така убаво и богато да ги нанесете на капаците, без да водите сметка за крајниот резултат. Уживајте во вашите бои, сјајот и шаренилото. Кул и смело. Останатата шминка, секако, е сведена. Со ваквата смела шминка изберете едноставна фризура, а ние ви предлагаме тоа да биде зачешлана коса наназад или ниско коњско опавче настрана.

1-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_ 2-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_

2. Нов начин за нанесување ајлајнер

Сигурни сме дека веќе знаете како да нанесете ајлајнер, па имате некоја основа. Потоа, на таа основа додајте уште неколку чекори, така што ќе го извлечете ајлајнерот низ должината на целиот горен капак и до половина на долниот, но така што ќе започнете од внатрешниот агол на окото. Интересно, зар не? Овој изглед е доста ефективен. Кога станува збор за фризурата, оставете ја да „лета“. Неуредната фризура која ја испраќа пораката: „Не се грижам за ништо“ одлично ќе го следи овој мејкап изглед.

3-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_

3. Задолжителен црвен кармин

Црвениот кармин е задолжителен, а на остатокот од шминката можете слободно да заборавите. Акцентот е само на усните во боја на цреша со мат финиш кој мами бакнежи. Наспроти нагласените усни, вашиот тен не би требало да биде „пренатрупан“ со пудра, но и очите треба да останат чисти. Токму затоа овој изглед делува толку кежуал. Фризурата која треба да ја изберете е едноставна, природна, односно целосно опуштена.

4-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_

4. Воден ефект

Фризурата со воден ефект може да биде во која било варијанта. А кога станува збор за шминката, тогаш одберете сјајна, нежна розова нијанса на усните, мат нежна розова нијанса на образите, а за очите, заборавете на маскарата и едноставно нанесете малку провидни сјајни сенки за „водениот“ ефект. Значи, свежо и природно, исто како сега да сте излегле од бањата.

5-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_

5. Бидете сјајни

Оваа сезона целото внимание вложете го на хајлајтерот и негата на кожата. Оваа сезона ќе бидеме опседнати со блескав, совршен тен што свети и сјае. Освен негуваната кожа и малата количина коректор, фокусирајте се на хајлајтерот и не штедете на него. Едноставно блеснете! Косата може да ви биде најразлична, само да е негувана и природна.

6-bidete-moderni-i-ubavi-vodich-niz-bjuti-trendovite-za-proletleto-2017-ta-www.kafepauza.mk_

Погледнете ги и модните трендови што ќе доминираат во текот на сезоната пролет/лето 2017.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар