9 техники кои ќе ве одржуваат енергични, среќни и здрави дури и кога сте премногу зафатени

На нашето тело му се потребни 5 нешта за да преживее: одмор, движење, вода, храна и кислород. Доколку постојано се чувствувате уморно и без енергија, тогаш големи се шансите дека вашето тело се обидува да ви каже дека му недостасува едно од овие 5 нешта. Доколку сакате набрзина да ја вратите вашата виталност, тогаш погледнете ги следниве брзи трикови кои нема да ви одземат многу време дури и ако сте премногу зафатени…

9 техники кои ќе ве одржуваат енергични, среќни и здрави дури и кога сте премногу зафатени

1. Пијте вода веднаш штом се разбудите

Водата наутро го стимулира дигестивниот систем и ни ја овозможува потребната количина за нашите клетки. Обидете се да пиете барем еден литар вода веднаш по будењето (додадете и малку сок од лимон ако сакате) и веднаш ќе ја забележите разликата во вашата енергија во текот на денот…

2. Земajте длабоко воздух

Направете 5-минутна пауза, затворете ги очите и исклучете го светот околу вас со цел да го намалите вашиот стрес. Додека го правите тоа, земајте неколку пати длабоко воздух за да му овозможите повеќе кислород на вашиот мозок и за да го поттикнете релаксирањето. Обидете се да најдете време за барем 2 паузи во текот на денот. Сè што треба да направите е да најдете тивко место, да ги затворите вашите очи и да дишете длабоко. Со тек на време вашето општо функционирање ќе се подобри, а со тоа ќе се намали и нивото на стрес кое го чувствувате.

3. Јадете растенија и протеини

Одржувањето на шеќерот во крвта преку режимот на исхрана е најдобриот начин да ги минимизирате ненадејните подеми и падови во вашата енергија. Бидејќи сите сме постојано зафатени, ретко кога наоѓаме време да си подготвиме хранливи оброци, па токму затоа посегнуваме по благи или солени закуски. На овој начин предизвикувате нагло зголемување на шеќерот во крвта, по кое следи голем пад. Јадењето чисти протеини и растенија со секој оброк може драстично да ја зголеми вашата енергија, но истовремено и да го подобри вашето здравје на долг рок.

4. Движете се

Доволна ви е само кратка прошетка за да го подобрите вашето кардиоваскуларно здравје, дишењето и здравјето на мускулите. Обидете се со танцување, одење, тресење на телото, движење низ канцеларијата, чистење во домот или со едноставно трчање од маркетот до вашиот автомобил за инстант зголемување на вашата енергија.

5. Исфрлете го кофеинот

Кофеинот е краткотрајно решение за заморот кое може да нè одведе на многу опасен пат. Преголемото консумирање кофеин води до надбубрежен замор и лош сон. Доколку вашето тело е толку уморно, што почнало интензивно да бара помош, не треба дополнително да го вознемирувате со кофеин. Обидете се да пиете бескофеинско кафе, билни чаеви или сокови од зеленчук за да ги задоволите вистинските потреби на вашето тело. Уживајте во кафето како награда, но не го користете како брзо решение за овој проблем.

6. Истегнувајте се

Напрегнатите мускули можат да предизвикаат да се чувствувате вкочането, без енергија и немотивирано. Истегнувањето е брз начин на кој можете веднаш да ја повикате енергијата во вашето тело. Обидете се со 5-минутно растегнување секој ден или со кратка масажа која самите ќе си ја направите со цел да почувствувате инстант опуштање.

7. Размислувајте за убави нешта

Кога сте уморни и кога тоа си го кажувате на себе, вие само го засилувате чувството на умор. Токму затоа обидете се да ги стишете овие гласови така што ќе почнете да размислувате за нешто убаво. Без разлика дали е некој позитивен спомен или план за иднината, вие веднаш ќе почнете да чувствувате како енергијата се враќа во вашето тело.

8. Седете исправено

Правилното држење на телото може многу да влијае врз нашето размислување, како и врз нивото на енергија во нашето тело. Голем дел од луѓето погрешно го проценуваат заморот и го мешаат со потреба за одмор, а всушност нивното тело само очајно им бара движење. Токму затоа обидете се да седите исправено или пак, стојте 20-тина минути секој ден и брзо ќе ги почувствувате разликите во нивото на енергијата.

9. Јавете се на пријател или пријателка

Комуникацијата со друго човечко суштество е нешто што веднаш ве исполнува со енергија. Дури и доколку сте убедени дека во овој момент немате време за вашите пријатели, сепак треба да направите исклучок. Секој човек копнее по контакт со други луѓе и токму тоа е нешто што никогаш не треба да го занемарувате. Човекот е социјално суштество и понекогаш сè што му е потребно за да се почувствува добро е само малку љубов.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар