9 одлики на луѓето на коишто не можете да им верувате

9 одлики на луѓето на коишто не можете да им верувате

За една врска да трае, нема ништо поважно од довербата. Во совршен свет, би требало целосно да ѝ верувате на другата личност, исто и таа вас. Но верувањето на сите може да има ужасни последици бидејќи не сите се онакви какви што изгледаат.

9 одлики на луѓето на коишто не можете да им верувате

Додека некои луѓе толку добро ја кријат нивната неискреност што нема да ја откриете сè додека не ве изневерат, постојат и оние кои имаат одредени одлики кои секогаш ќе ви покажуваат дали можете да им верувате или не.

1. Претеран шарм

Личноста која изгледа необично шармантно, секогаш делува како да крие нешто. Обрнете внимание на овие луѓе и ќе сфатите дека се заинтересирани да дознаат повеќе за вас без да откријат нешто за нив. Во еден момент ќе ги откриете нивните вистински намери, но веќе ќе бидете вплеткани со нив.

2. Отсуство на емпатија

Да можете да ги мамите и повредувате другите е знак за недостаток на емпатија. Луѓето со емпатија не би можеле да им го забодат ножот во грбот на другите бидејки се свесни за болката што ќе ја нанесат.

3. Особини поврзани со нарцизам

За нарцисите не постои ништо и никој во светот што им е поважно од нив. Ова ги прави погрешни луѓе за верување во која било ситуација. Никогаш нема да си ги признаат грешките и секогаш ќе наоѓаат причини да изгледа како вие да сте ги натерале да направат нешто погрешно. Ако им верувате, сигурно ќе завршите со скршено срце.

4. Неможност за чување тајни

Ќе знаете дека не можете да верувате некому, ако тој или таа открива информации што другите му/ѝ ги кажале во доверба. Постои голема шанса дека таа личност го прави истото и со вашите тајни. Тие сакаат да знаат сè и сметат дека споделувањето и озборувањето ќе ги направи популарни.

5. Неодлучност

Овде не станува збор за обична неодлучност. На овие луѓе не можете да им верувате со одлуките без разлика колку се важни. Можат постојано да се движат помеѓу екстреми и не остануваат лојални на никого.

6. Постојано кажуваат да

Внимавајте на луѓето кои постојано се лепат за вас. Ќе потврдуваат сè што ќе кажете и никогаш нема да дојде до несогласување. Дури и кога навистина грешите, тие ќе ве поддржуваат со надеж да добијат нешто за возврат. Кога ќе немате што повеќе да им понудите, очекувајте повеќе никогаш да не ги видите.

7. Дволичност

Дволичноста можеби е популарен израз, но овие луѓе можат да имаат многу лица. Тие се однесуваат различно со секого и никогаш не можете да бидете сигурни дали ќе ве остават за некој друг. Пред вас ќе бидат совршени, но штом ќе го завртите грбот ќе почнат да ве критикуваат. Да им верувате значи дека наскоро целиот свет ќе ги знае вашите тајни.

8. Склоност кон насилство

Иако на почетокот овие луѓе изгледаат добро, секогаш има некој знак што покажува дека нешто не е во ред. Ќе биде потребно некое време за да ја тргнат маската и да го покажат нивното вистинско лице. Штом ќе почнете да им верувате, тие ќе се обидат да ве контролираат. Внимавајте на начинот на којшто се однесуваат со луѓето околу нив за да знаете дали треба да си заминете навреме.

9. Ве избегнуваат во јавност

Овие луѓе се пријателски настроени кога сте сами или на места каде што никој не ги знае. Но, ќе ве избегнуваат како болест кога сте на место со луѓе што ги знае. Ако ви го прават ова, тоа значи дека се зближиле со вас само за да добијат нешто. Штом ќе го добијат тоа ќе ве напуштат без размислување за болката и предавството.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате проблеми со довербата во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар