17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

Секој од нас, во својот живот има одредени цели и соништа кои што сака да ги оствари, но со работните обврски и густите секојдневни распореди, честопати не успеваме да ги реализираме. Крајот на втората декада од животот е идеален период да си направите интроспекција и самоанализа, со цел да ги откриете областите од вашиот живот коишто сакате да ги подобрите.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

За таа цел, денес ви подготвивме листа од 50 штетни навики собрани од разни луѓе на Интернет, коишто успеале да се ослободат од нив или се на патот да го направат тоа пред да наполнат 30 години. Оваа листа ќе ви овозможи да го средите вашиот живот пред да дојде вашиот 30-ти роденден.

1. Престанете да живеете за викендите

Речиси и да не постои човек којшто со задоволството не го чека доаѓањето на секој викенд, по завршувањето на работната недела. Меѓутоа ние живееме 365 дена во годината и единствениот начин да бидеме посреќни, е да бидеме исполнети и во текот на работните денови. За да ја убиете оваа лоша навика, правете конструктивни планови во вечерите во работните денови. Смислете некое ново хоби, поминете време надвор од работата, социјализирајте се со пријателите, имајте редовни прошетки или што и да било што ве исполнува, а не вклучува користење на дигитални уреди.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

2. Заборавете на импулсивниот шопинг

На овие години, веќе би требало да сте доволно зрели за да сфатите дека импулсивното купување парчиња само затоа што се во тренд, е многу лоша одлука. Ова значи, дека треба да престанете да купувате работи кои што ќе ги облечете еднаш, се неквалитетно изработени, коштаат многу, а се направени од вештачки материјали како полиестер. Затоа купувајте помалку, а попаметно. Тоа значи дека треба да одберете облека со добар квалитет, која што убаво ви стои и ќе ви потрае. Згора на тоа, на оваа возврат веќе треба да имате оформено личен стил на облекување и да имате сфатено кои парчиња облека најдобро ја репрезентираат вашата личност.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

3. Престанете да мислите дека е ОК да бидете социјален пушач

Ова е една од најважните штетни навики од која што треба да се ослободите пред да наполните 30. Повеќето луѓе коишто се сметаат за социјални пушачи, не се обвинуваат себеси бидејќи не пушат секој ден или пушат само додека пијат алкохол во друштво. Но, според упатствата на американската влада, колку цигари и да пушите, ќе имате зголемен ризик од заболување од болести на срцето и рак, во однос на оние кои што воопшто не пушат. Да не ги додаваме и краткотрајните негативни ефекти, како што се лошиот здив, стареењето на кожата и парите коишто залудно ги трошите.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

4. Откажете се од пријателствата на коишто им поминал рокот

Како што ќе одминуваат 20-тите години од вашиот живот, ќе поченете да забележувате дека имате сè помалку вистински пријатели. Тоа не е ни чудно со оглед на фактот дека по завршувањето на студиите и започнување на кариерата, некои пријателства едноставно нема да го издржат тестот на времето и вие треба да ја прифатите оваа реалност. Затоа, не си губете нерви поради тоа што не ви функционираат плитките пријателства, а повеќе погрижете се за оние коишто навистина вредат.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

5. Редно време е да ја смените дисциплината во спиењето

Повеќето млади луѓе мислат дека е сосема кул да си легнуваат доцна навечер, и тоа секоја вечер во различно време и да стануваат наутро неодморени, па надокнадуваат за време на викендите. Ако сте биле неодговорни во врска со вашиот сон досега, редно време е да почнете да создавате рутина и секој ден да си легнувате и станувате во исто време и да спиете од 7 до 9 часови, со цел да го подобрите квалитетот на вашето спиење и да ја регенерирате енергијата.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

6. Престанете да ги убивате вашите цвеќиња

Речиси и да не постои човек кој што не одгледува барем едно цвеќе дома, но ако веќе сте решиле да си купите некое, треба со него да однесувате како да сте одговорна возрасна личност. Престанете да заборавате да ги полеете со вода и да ги оставате да се исушат, бидејќи ако не можете да се погрижите за едно сирото цвеќе, значи дека не знаете да се грижите ни за себе.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

7. Престанете да се потпирате на вашиот „брз“ метаболизам

Прашајте било кој тренер или спортист и секој од нив ќе се согласи дека, морате да вежбате барем 3 пати неделно за да видите некакви резултати. Оваа навика е тешко да се задржи на долг рок, но е неопходна за добро здравје и витка става. Денес има толку многу голем избор на спортски активности, па сигурни сме дека ќе има некоја којашто може да ви биде интересна и вам и да ви го задржи вниманието. Само треба да ѝ дадете шанса.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар