9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Според статистиката, 5% до 10% од жените се соочуваат со прекумерно растење на влакна на необични места. Но, без разлика колку сме здрави, сите ние понекогаш треба да користиме методи за отстранување на влакната за да изгледаме убаво. За среќа, отстранувањето на влакната од лицето не мора секогаш да биде болно. Ова се некои од најефективните методи за отстранување на влакната.

1. Грашок и вода од роза

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 2 лажици брашно од грашок
  • 1-2 лажици вода од ружа
  • 1 лажица лимонов сок
Подготовка:
  • Ставете ги брашното и водата во еден сад и добро измешајте.
  • Додајте лимонов сок во смесата и повторно измешајте.
Употреба:
  • Нанесете ја пастата на проблематичните места на кожата.
  • Оставете да отстои 20-25 минути, или додека не се исуши целосно.
  • Истријте ја маската со прстите.
  • Повторувајте 3-4 пати неделно.

Брашното од грашок е одлично за ексфолијација, а во комбинација со водата од роза го спречува растењето на влакната. Маската е погодна за сите типови кожа.

2. Кромид и босилек

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 2 кромида со средна големина
  • 10-12 листови босилек
Подготовка:
  • Одберете ги тенките транспарентни мембрани помеѓу слоевите на кромидот.
  • Измелете ги мембраните со босилекот и направете паста.
Употреба:
  • Нанесете ја пастата на несаканите влакна и оставете ја 20-25 минути.
  • Исплакнете со топла вода
  • Повторувајте 3-4 пати неделно во текот на 1-2 месеци.

Кромидот е одличен бидејќи во комбинација со босилекот го намалува растот на влакната. Маската е погодна за сите типови кожа.

3. Масло од лаванда и масло од чајно дрво

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 1 лажица масло до лаванда
  • 4-6 капки масло од чајно дрво
Подготовка:
  • Измешајте ги маслата во сад.
Употреба:
  • Нанесете ја мешавината на несаканите влакна со памук.
  • Повторувајте 2-3 пати неделно, најмалку 3 месеци.

Овие масла имаат антиандрогени својства кои помагаат во отстранувањето на несаканите влакна. Маската е погодна само за мрсна кожа и кожа склона кон акни.

4. Мед и шеќер

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица вода
Подготовка:
  • Ставете го шеќерот во сад и додајте му мед и вода.
  • Ставете ја смесата во микробранова околу 30 секунди додека шеќерот не се растопи.
Употреба:
  • Нанесете ја маската на проблематичните места.
  • Поставете парче платно врз смесата и оставете да се излади неколку секунди.
  • Повлечете го платното во насока спротивна од растот на влакната.
  • Користете по потреба.

Оваа маска за пилинг ги отстранува несаканите влакна и ѝ прави ексфолијација на кожата. Погодна е за сите видови кожа.

5. Овес и банана

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 2 лажици овес
  • 1 зрела банана
Подготовка:
  • Направете пире од банана.
  • Измешајте ги овесот и бананата во сад.
Употреба:
  • Нанесете голем дел од пастата на проблематичните места и втријте ја со кружни движења.
  • Оставете да делува 15-20 минути и исплакнете со ладна вода.
  • Повторувајте 1-2 пати неделно.

Овесот има текстура на гранули, па поради ова е одличен за ексфолијација. Маската е погодна за сите видови кожа.

Продолжува на следната страница…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар