8 факти за татковството кои е добро секој да ги знае

8 факти за татковството кои е добро секој да ги знае

Понекогаш ја занемаруваме важноста на татковците и улогата која тие ја имаат во растот и развојот на детето. Но, дека се тие многу важни, говорат следните факти потврдени со бројни истражувања. Информирајте се и споделете ги информациите со вашите пријатели, бидејќи подобар татко значи подобро дете, а на крајот на краиштата тоа придонесува да живееме во подобар свет.

1. Играњето со таткото не е само забавно, туку и неопходно за детето

Бебињата и малите деца учат преку игра. Тоа им помага да стекнат когнитивни и социјални вештини, како и да го совладаат јазикот. Истражувањата откриле дека низ играта со татковците, децата учат да ги хармонизираат нивните чувства, начинот на размислување и физичкото однесување. Ова е неопходно за децата помеѓу 2 и 5 години, кога се развиваат овие вештини.

1-8 fakti za tatkovstvoto koi e dobro sekoj da gi znae-akefapuza.mk

2. Начинот на исхрана и општото здравје на таткото влијае на децата уште пред да бидат зачнати

Истражувањата потврдуваат дека околината на таткото, неговото однесување, дури и неговиот изглед може да имаат значително влијание врз здравјето на фетусот, како и врз здравјето на неговите внучиња. Една студија со глувци открила дека нездравата исхрана кај мажјаците пред парење довела до појава на симптоми својствени за дијабетесот кај нивниот потомок. Истото се смета дека се случува и кај луѓето. Не само тоа, туку студиите потврдуваат дека нездравиот начин на исхрана може да го намали квалитетот на спермата, што пак може да резултира со потешкотии при зачнување.

3. И татковците можат да бидат бремени

Добро не баш, но може така да се чувствуваат. Тоа се нарекува кувада, односно состојба во која татковците искусуваат знаци на т.н. сочувствена бременост. Тие може дури да ја накачат својата килажа и да искусуваат гадење и повраќање.

2-8 fakti za tatkovstvoto koi e dobro sekoj da gi znae-akefapuza.mk

4. И татковците можат да чувствуваат депресија по породувањето

Оваа депресија се јавува кај жените, но пресметано е дека ја искусуваат и 1 од 10 татковци во некој период откако ќе се роди бебето. Новите родители треба да бидат свесни за оваа појава и да побараат помош доколку им е потребна. Депресијата кај кој било родител може да има долготрајни ефекти врз здравјето и добросостојбата на детето, но и да внесе огромен стрес во врската.

5. Физичкиот контакт меѓу таткото и детето е добар за здравјето на детето

Многу истражувања имаат покажано дека физичкиот контакт е витален за долготрајниот емоционален развој на детето, дури и за неговото физичко здравје. Допирот на таткото е исклучително важен.

4-8 fakti za tatkovstvoto koi e dobro sekoj da gi znae-akefapuza.mk

6. Татковците кои помагаат низ дома имаат посамоуверени и поамбициозни ќерки

Новите истражувања упатуваат на фактот дека татковците кои помагаат низ дома миејќи садови, перејќи алишта и сл. ги поттикнуваат кариерните амбиции на нивните ќерки. Се смета дека гледањето на таткото во извршување домашни обврски создава помалку полови стереотипи.

3-8 fakti za tatkovstvoto koi e dobro sekoj da gi znae-akefapuza.mk

7. Љубовта и вниманието на таткото може да го смени текот на целиот живот на детето

Едно чудо научни студии имаат покажано дека инволвираноста на таткото го подобрува психолошкиот, интелектуалниот и личниот развој на детето во периодот од бебе до адолесценција. Растејќи со татко кој покажува љубов ги зголемува и шансите за академски успех на детето, како и емоционалната добросостојба, и ги намалува ризиците од вклучување во криминални активности подоцна во животот.

5-8 fakti za tatkovstvoto koi e dobro sekoj da gi znae-akefapuza.mk

8. Секој може да биде добар татко

Одгледувањето на детето активира когнитивни родителски механизми кои биологијата ги има програмирано во сите нас. Ако се однесувате како татко, вашиот мозок ќе почне да станува потатковски. Всушност, не мора да бидете ни маж за да бидете добар татко. Според истражувања на истополови партнери, децата на геј паровите можат да бидат израснати исто толку добро како во хетеросексуалните домови. Секој може да ја игра улогата на татко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар