7 работи што не смеете да им ги дозволите на другите луѓе

7 работи што не смеете да им ги дозволите на другите луѓе

Секогаш кога имате работа со тешки или непријателски настроени личности, важно е да заземете цврст став. Ова е ваш живот. Можеби не можете да контролирате сѐ што другите ви прават, но можете да одлучите дека нема да стоите во некој ќош со „подвиткана опашка“. Можете да одлучите дека нивните дела и постапки нема да влијаат на вашето срце и ум. А, над сѐ, можете да одучите покрај кого ќе чекорите утре, а кого ќе го оставите зад себе уште денес. Немојте да им дозволите на другите да ви ги прават следниве работи…

1-7-raboti-koi-ne-smeete-da-dopushtite-da-vi-gi-pravat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_

1. Не дозволувајте да ве вовлекуваат во непотребни караници

Немојте никогаш да губите време да им се објаснувате на луѓето кои веќе неколку пат покажале дека немаат разбирање за вас. Никогаш немојте да ја дефинирате својата интелигенција и сопствената вредност по бројот на караници од кои сте излегле како победник, туку по тоа колку пати сте рекле дека караницата не е вредна за губење на вашето време.

2. Не дозволувајте да ве вовлечат во нивната негативност

Позитивноста е избор. Избирајте мудро. Бидете доволно мудри да се оддалечите од негативноста која ве опкружува, бидејќи таа во ниту една ситуација не е вредна, ниту за вас, ниту за вашата добрина.

3. Не дозволувајте да ве малтретираат

Насилничкото однесување е погрешен начин на однесување. Не постои слобода на овој свет која ѝ дава право на друга личност да ве напаѓа. Запомнете дека никој нема моќ да направи да се чувствувате мали, освен ако вие не го дозволите тоа.

4. Не дозволувајте вашите пријатели да бидат неискрени со вас

Ако не се искрени, тогаш не ви се вистински пријатели. Можеби не можете да ги избирате роднините, но пријателите и тоа како можете. Бидете добар пријател кон сите што ве заслужуваат, а само вистинските и искрени пријатели ќе ве задржат до себе.

2-7-raboti-koi-ne-smeete-da-dopushtite-da-vi-gi-pravat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_

5. Не дозволувајте постојано да ве лажат

Доколку забележите дека некој ве лаже, тогаш не молчете. Некои луѓе ќе се обидат постојано да ве лажат, за да ги остварат своите лични интереси. Личноста која ве лаже не е добра личност. Дистанцирајте се од неа што е можно побрзо.

6. Немојте да им дозволувате на луѓето да ве искористуваат

Понекогаш луѓето не ги забележуваат работите што ги правите за нив сѐ додека не престанете да ги правите. Тоа не е во ред. Сфатете го тоа. Вие заслужувате подобро. Вие заслужувате луѓе со кои ќе можете да се смеете, кои не ве земаат здраво за готово и луѓе кои нема да ве остават на цедило.

7. Немојте да им дозволите на другите да ве уверат дека промените се лоша работа

Она што не можете да го промените, обично ќе ве промени вас. Промената се случува со причина. Помирете се со тоа. Тоа нема секогаш да биде лесно, но на крај секогаш ќе се исплати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар