7 прашања кои ќе ви дадат појасна слика за вашата финансиска ситуација

За да дојдете до вистинските сознанија треба да ги поставите вистинските прашања. Следните седум се вистинските за да дознаете повеќе за вашата моментална финансиска ситуација.

7 прашања кои ќе ви дадат појасна слика за вашата финансиска ситуација

1. Каква е улогата на парите во мојот живот?

Парите се средство со кое се добива нешто кое ни е потребно. Само толку. Многу луѓе се емотивно врзани за нив затоа што некои денешни авторитети ги наметнуваат парите и нивната акумулација како средство за успех. Запрашајте се каква е улогата на парите во вашиот живот. Дали се грижите или сонувате за нив? Дали ви предизвикуваат фрустрации? За што ви служат тие?

2. Што ме научија родителите во врска со парите?

За да изградите сопствен пристап во односот со парите, мора прво да сфатите на каква основа ќе го градите тоа. Како вашите родители ги третираа парите? Што зборуваа за нив? Дали беа благодарни на тоа што го имаа или постојано беа во потрага по повеќе пари?

7 прашања кои ќе ви дадат појасна слика за вашата финансиска ситуација

3. Колку парите влијаат на мојата среќа?

Среќата не се купува со пари, но со нив може да се купат бројни предмети или искуства кои предизвикуваат радост и среќа. Факт е дека е тешко без нив. Размислете за тоа колку парите можат да го контролираат вашето ниво на расположение. Можете ли најдете нешта кои ќе ги правите кога не сте при пари и кои ќе ве направат да се чувствувате убаво? Кои сте и што сте вие кога немате пари?

4. Како реагирам на стрес предизвикан од парите?

Одвреме-навреме се случуваат работи кои ќе ве направат несигурни околу вашата финансиска иднина. Како реагирате во тие моменти? Дали го губите разумот? Можат ли овие проблеми да фрлат сенка на она што веќе го имате, а не е поврзано со нив? Или пак застанувате за да размислите и почнувате со планови како да се извадите од ситуацијата?

5. Знам ли што сакам од животот?

Под претпоставка дека ви се задоволени основните егзистенцијални потреби, што повеќе барате од животот? За што заработувате или би заработувале пари? Колку ви се неопходни тие работи и може ли да се стигне до нив со помалку или без пари? Нема потреба да се имаат многу пари само колку да се имаат. Можеби веќе имате доволно за тоа што ви треба.

7 прашања кои ќе ви дадат појасна слика за вашата финансиска ситуација

6. Дали парите ги трошам на она што ми треба?

Ако веќе знаете што е она кон што целите во животот, ќе знаете и да процените дали вашите пари одат на вистинското место. Ако сакате да започнете некаков бизнис или да одите на патување, тогаш не е паметно да трошите на прескапи излегувања или да трупате нова облека во гардероберот. Запрашајте се за тоа дали трошите согласно вашите цели во животот.

7. Знаете ли да ги планирате трошоците?

Откако ќе сфатите која е целта до која сакате да стигнете, потребно е да направите план за тоа. Бидете искрени со себе и признајте си доколку не знаете да направите план на трошење или доколку не сте дисциплинирани во тоа. Тоа не е тешко да се научи, а е една од клучните алатки кон подобра финансиска иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар