Како да разликувате настинка од грип?

Сите луѓе поминуваат барем низ една настинка во текот на годината, па токму затоа секој човек без размислување ќе ви каже дека тие се непријатни, но целосно безопасни. Но, кога станува збор за грип, навистина е потребно да се обрне повеќе внимание, бидејќи тој го ослабува телото и го изложува на бактерии кои можат да предизвикаат низа компликации.

И настинката и грипот се предизвикани од вирус, па поради сличните симптоми понекогаш може да се случи да не се разликуваат. Токму затоа погледнете ги наредниве 5 разлики кои ќе ви помогнат да откриете дали станува збор за настинка или грип…

Како да направите разлика помеѓу настинка и грип?

1. Кога почнуваат првите симптоми?

Првите знаци за настинка се јавуваат ден, два по контактот со вирусот и најчесто започнуваат со чувство на горење во грлото кое постепено се влошува.

Грипот се појавува нагло, тој за само неколку часа може да ве претвори од здрава и енергична личност во личност која едвај стои на своите нозе.

2. Кои симптоми се најслични?

Болките во грлото и раздразнетиот нос се првите симптоми кои се појавуваат и кај двата вируса. Но, тоа се случува со една голема разлика. Кај настинката, проблемите со носот обично започнуваат по исчезнувањето на болките во грлото. Тие постепено стануваат поголеми, каде што провидниот исцедок станува густ и жолт и целосно го блокира вашиот нос. Но, по 5-от ден ситуацијата полека се смирува и се враќа во нормала.

Грипот не созрева на овој начин. Исцедокот во вашиот нос останува ист, без да ја промени својата содржина, додека кашлањето е суво и непродуктивно. Високата температура, малаксаноста, болката во зглобовите и мускулите како и губењето апетит се симптоми кои секогаш се појавуваат со грипот.

3. Телесната температура ви открива дали станува збор за настинка или грип

Блокадата на носот и чувството на истоштеност кои настануваат поради оптоварување на дишните патишта кај настинката доведуваат до главоболка и мала треска.

Кога станува збор за грипот, овие симптоми се многу поинтензивни и може да се случи вашето тело да качи температура и до 40 степени.

4. Кога е време за мирување и лежење во кревет?

Во зависност од вирусот кој ја предизвикал настинката, се разликуваат и самите симптоми. Некогаш се појавува слабост и тресење, но тие се појавуваат постепено. Лежењето во кревет не е толку важно, бидејќи личноста со настинка може да функционира нормално.

За разлика од настинката, симптомите на грипот се манифестираат во облик на црвенило и солзи, додека пак кожата изгледа влажна и одржува висока температура. Болките во зглобовите, губењето апетит, раздразливоста, чувствителноста на телото на допир и исцрпеноста на телото предизвикуваат потреба за одмор. Кога станува збор за грип, важно е да се одмара и лежи во кревет и да се има минимален контакт со околината, со цел да му овозможите на вашето тело повеќе енергија за борба.

5. Колку долго трае настинката/грипот?

Најсилните симптоми на настинката се појавуваат обично 2 до 3 дена по првите симптоми, додека најлошото поминува во текот на една недела. Таа целосно исчезнува во текот на неколку недели по заболувањето.

Грипот целосно го исцрпува телото, па болките и уморот можат да се задржат и со недели по појавата на првите симптоми. Физичката активност во тој период станува тешка, па токму затоа личностите кои се обидуваат да бидат поактивни многу се потат и брзо се исцрпуваат. Грипот дополнително го ослабува организмот, па токму затоа може да предизвика зголемени болки во областите кај стомакот, цревата, зглобовите, мускулите или мозокот. Доколку се случи во телото да продрат и бактерии, тогаш има сериозна опасност од воспаление на белите дробови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар