7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Никој нема да ве предупреди за искушението да ја искористите вашата прва картичка и за тоа како чувството на независност ве тера да трошите повеќе од потребното. Кога сте подготвени да заштедите, првото нешто што треба да го направите е поставување на неколку цели. Кога ќе целите кон нешто, напорната работа може да ви стане полесна. Ова не значи дека штедењето ќе биде лесно и брзо, но барем ќе бидете мотивирани. Откажувањето од неколку кафиња неделно може навистина да ви помогне во иднина. Па погледнете кои се нештата за кои би требало да почнете да штедите уште во вашите 20-ти.

1. Гарнитура што навистина ќе го надгради вашиот простор

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Најверојатно вашиот апартман е уреден со покуќнина што сте ја добиле од семејството или со нешто навистина евтино. Можеби сонувате за совршено уредена дневна, но важно е да знаете дека ова чини пари. Па, почнете со штедење уште сега. Квалитетната гарнитура ќе ви трае со години и навистина ќе ви го разубави животниот простор.

2. Дом што можете да го наречете само ваш

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Можеби веќе ви е преку глава секој месец да плаќате кирија. Можеби секоја година киријата се зголемува, соседите се неподносливи или сте присилени да го делите станот со цимер со кој баш и не се согласувате. Можеби дури и треба да се селите секоја година. Сето ова е навистина заморно. Веројатно гледате кон иднината и сакате место кое можете да го наречете само ваше. Оваа слобода навистина вреди, па почнете да штедите уште сега.

3. Вашиот автомобил од соништата

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Најверојатно во вашите 20-ти немате сопствен автомобил и го користите оној на родителите. Доколку ви е потребен, автомобилот треба да биде приоритет на вашата листа. Без разлика за каков автомобил сонувате, знаете дека ќе го користите со години за работа и забава, па сериозно размислете за штедење.

4. Незаборавно големо патување

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Ако сакате искуства, веројатно сонувате за некое големо далечно патување. Засега најверојатно можете да си дозволите кратко патување во некоја блиска држава, или престој во некој друг град. Без разлика кој е вашиот одмор од соништата, би било добро да го остварите. Најдобро е да почнете да штедите уште сега за ова искуство, за полесно да ги поднесете трошоците кога ќе дојде моментот за тоа.

5. Домаќински апарати што ќе траат со години

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Можеби сега имате неколку апарати во домот кои се постари и не се во најдобра состојба. Сепак, се снаоѓате и со нив. Ова не значи дека не сонувате за нешто ново. Па, собирајте пари за да купите апарати што ќе функционираат како што треба и што ќе ви траат со години.

6. Членство во квалитетна теретана

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Кога барате теретана, најверојатно ќе се одлучите за најевтината, но не значи дека не сонувате за некоја подобра. Квалитетните теретани нудат соба со пареа и сауни, добро подготвени тренери и сè што е потребно за да бидете во најдобра форма. Па целта нека ви биде да заштедите за некоја добра теретана, која сега не можете да си ја дозволите.

7. Гардероба што ќе трае

7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

Најверојатно облеката ви е од голема важност во 20-тите. Во добриот гардеробер треба да има облека за работа, облека за забава и удобна облека за викендите. Наместо да купувате парчиња на попуст кои се распаѓаат по првото перење, обидете се да заштедите и да инвестирате во облека која навистина ќе го издржи тестот на времето. Можете дури и да се почестите со некоја дизајнерска чанта.

Доколку навистина трошите многу, овие совети ќе ви помогнат да почнете со штедење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар