Диета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во храната

Диетата 5:2 е одличен начин да се ослободите од несаканите килограми без многу мака и без одрекување од омилената храна – најчестата причина за откажување од диетите.

Диета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во храната

Правилата на диетата се навистина едноставни – потребно е да јадете нормално количество храна 5 дена во неделата, а останатите два дена намалете го внесот на калории на 500 за жените, односно 600 за мажите.

На овој начин телото не го чувствува стресот од постојаното гладување и не го собира вишокот калории. Во овие два дена, телото едноставно го согорува она што сте го насобрале од претходните денови. Ништо не се задржува и метаболизмот значително се забрзува, со тоа „топејќи“ ги килограмите.

Сепак, ова не значи дека можете да јадете неумерено во 5-те слободни денови. Најдобро е да ја исфрлите брзата храна, печивата и храната богата со шеќер. Дајте им предност на зеленчукот, немасното месо и интегралните тестенини и ориз.

Повремениот пост има навистина позитивно влијание врз здравјето. Тој делува благотворно на крвниот шеќер и го нормализира нивото на холестерол во крвта. Диетата 5:2 го намалува ризикот од Алцхајмер, тумор, дијабетес и срцеви болести, а има позитивно влијание и на концентрацијата и работата на мозокот.

Пробајте ги и овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар