5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

Иако кујнската сол содржи јод кој е неопходен елемент за одржувањето на разни телесни функции, добро познато е дека прекумерното внесување сол не е добро за организмот. Имено, големото количество сол може да биде причина за болести на срцето, белите дробови и бубрезите, а го зголемува и ризикот од мозочен удар. Покрај тоа, солта предизвикува и задржување на водата во телото, што резултира со подуеност, зголемена тежина или отоци.

Сепак, ова не нè спречува да консумираме премногу сол преку намирници како чипс, но и некои видови храна која се смета за здрава. Некои прехранбени продукти кои не се солени, всушност содржат повеќе сол од кесичка чипс. Погледнете за кои станува збор.

1. Конзервиран сос од домати

5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

Сосот од домати содржи ликопен како каротеноидот, поради што е одличен сојузник во борбата против срцевите заболувања и некои видови рак. Меѓутоа, потребно е да го консумирате умерено. Само половина чаша сос од домати содржи 642 милиграми сол. Кесичка чипс од 30 грама содржи само 170 милиграми.

2. Пченкарни и овесни снегулки

5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

Пченкарните и овесните снегулки се омилениот појадок на многу луѓе и речиси никогаш не се поврзани со високо количество сол. Но некои од овие житарици содржат повеќе сол и од чипсот. На пример, една порција пченкарни снегулки има 270 милиграма натриум, односно 12% од препорачаната дневна доза.

3. Интегрален леб

5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

Без разлика за каков леб станува збор, само едно парче содржи помеѓу 100 и 200 милиграми сол. Со консумирањето повеќе од две парчиња леб дневно, во организмот ќе внесете повеќе сол отколку една кесичка чипс. Доколку не можете да е откажете од лебот, најдобро е да се обидете да го правите самите.

4. Обезмастено сирење

5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

И обезмастеното сирење се наоѓа на оваа листа. Само во 70 грама сирење има дури 270 милиграма сол. Ова е количината што најчесто ја внесуваме во текот на еден оброк. Со други зборови, речиси невозможно е да не претерате со консумирањето сол доколку јадете обезмастено сирење.

5. Супа

5 „здрави“ намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс

Истражувањата покажале дека луѓето кои го започнуваат оброкот со зеленчукова супа, внесуваат 20% помалку калории од вообичаено. Според ова, супата би можела да помогне во слабеењето. Но ова не важи за супите од кесичка. Во само една чинија купечка супа се наоѓаат од 900 до 1.600 милиграма сол, што е навистина многу. Доколку сакате супа, најдобро е да ја приготвите самите.

Погледнете и како да ја зачините храната, а да употребите што помалку сол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар