Како да ја зачините храната, а да употребите што помалку сол?

Препорачаната дневна доза сол преку исхраната е најмногу 5 грама, но просечен човек во текот на денот внесува многу повеќе, односно во просек 11,6 грама. Во однос на употребата на сол, постојат многу медицински факти кои покажуваат дека количината треба да биде што помала, а со тоа да воспоставиме и навика која ќе ни го зачува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Секако, солта не треба да ја исфрлиме целосно од исхраната.

Како да ја зачините храната, а да употребите што помалку сол?

Кога се внесува во граници на препорачаната количина, солта учествува во регулацијата на крвниот притисок, помага во пренесување на импулсите во нервите и мускулните клетки и во апсорпцијата на хранливите материи во дигестивниот систем. Истовремено, прекумерната количина предизвикува повишен крвен притисок и го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, остеопороза, бубрежни заболувања и некои одредени малигни болести.

Навиките за нејзиното користење треба да бидат такви што не би оставиле негативни последици врз нашето здравје. Голем број од нашите омилени грицки и ужини содржат преголема количина сол која несвесно ја внесуваме во организмот. Затоа треба да се читаат декларациите на готовите производи, а особено треба да бидеме внимателни со пекарските и сувомесните производи.

Како да ја зачините храната, а да употребите што помалку сол?

Зачините се составен дел од приготвувањето храна, а постојат и такви кои ќе го подобрат вкусот на зготвеното, дури и ако додадете сосема малку сол. Обидете се количината сол во рецептот да ја замените со зачини како што се кари, чили, бибер, босилек, копар, кардамом, ким, оригано или сок од лимон. Ќе се изненадите колку овие зачини можат да го подобрат вкусот на храната, без да треба дополнително да посолувате.

Погледнете ги и овие 10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар