10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Производството на сол започнало пред околу 4000-5000 години и оттогаш, солта е значаен составен дел од нашето секојдневие. Луѓето, имаат откриено многу примени на овој скапоцен минерал, освен во исхраната. Така на пример, солта може значително да го олесни чистењето на разни предмети во домаќинството. Во продолжение, погледнете ги 10-те најефикасни примени на солта во вашиот дом.

10. Отстранете ја маснотијата од тавите и тенџерињата

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Истурете околу 120 грама сол на површината на тавчето. Потоа, со класична кујнска крпа, почнете да ги триете валканите делови, сè додека не се исчистат. На крајот, едноставно измијте ја тавата на вообичаен начин и уживајте во блескавата површина.

9. Отстранете ги дамките од дрвена даска за сечкање

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Посипете малку сол врз валканата дрвена површина и протријте ја со половина лимон. Дозволете му на дрвото да ја апсорбира мешавината, а потоа измијте ја даската под млаз вода.

8. Отстранете го обоениот талог од вазната

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Со обична сол, можете многу лесно да го исчистите зелениот талог, којшто честопати се создава во вазните. Направете концентриран раствор од сол и малку вода и истурете го во вазната. Добро протресете ја вазната и потоа измијте ја со вода и сапун.

7. Направете си домашен пилинг за лице

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

За да си направите едноставен пилинг во рамките на вашиот дом, измешајте малку сол и путер, во размер 1:2. Добро промешајте ги состојките, додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја на лицето, со кружни движења. Подобро е малку да го загреете путерот на почетокот, за да биде топол. Откако ќе завршите со нанесување на пилингот, измијте го убаво лицето и нанесете крем за лице.

6. Спречете создавање мувла на кашкавалот

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Завиткајте го кашкавалот во парче ткаенина, којашто претходно ќе ја натопите во солена вода. Со овој метод, ќе спречите создавање мувла на кашкавалот и ќе го зголемите неговиот рок на траење, за уште неколку дена.

5. Исчистете ги плочките

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Помешајте 60-тина грама сол во 3,5 литри вода и додајте прашок за перење. Исчистете ја површината со плочки со растворот, обрнувајќи внимание на споевите, бидејќи таму се крие најмногу нечистотија.

4. Направете си третман на стапала

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Доколку сакате да си направите одличен третман за стапала, ставете 120-240 грама сол во леген. Потоа, додајте топла вода во легенот, ставете ги стапалата во него и уживајте во третманот, сè додека не се олади водата. Можете и неколкупати да додавате малку жешка вода, доколку сакате подолго да уживате во третманот.

3. Отстранете ги дамките од чај и кафе од шолјите

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Помешајте 1 лажица сол со 1 лажица оцет и ставете го растворот во шолја, на којашто има тврдокорни дамки од кафе и чај. Оставете го растворот да делува неколку часа и потоа измијте ги садовите, на вообичаен начин.

2. Намалете го горчливиот вкус на кафето

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Доколку сакате да биде помалку горчливо и да има подобар вкус, експертите препорачуваат да додадете прстофат сол во приготвеното кафе.

1. Избелете ги пожолтените навлаки за перници

10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

Навлаките за перници, коишто пожолтуваат со тек на време, можете да ги избелите на многу едноставен начин. Помешајте 1 супена лажица сол во чаша со минерална вода. Ставете ја мешавината во сад со зовриена вода и оставете ги пожолтените навлаки во него, околу 1 час. Одржувајте ја постојано температурата на водата, за ефикасно да ги избелите навлаките.

Може да ве интересираат и овие 15 домаќински трикови за блескав дом.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар