6 филмови поради кои ќе посакате да отпатувате во Рим

6 филмови поради кои ќе посакате да отпатувате во Рим

Лесно е да се вљубите во некоја локација иако никогаш не сте ја посетиле, туку само поради тоа што сте изгледале филм чие дејство се случува таму, сте прочитале книга или сте виделе некое уметничко дело или фотографија. Рим е град кој никого не остава рамнодушен, ниту во живо, ниту преку телевизискиот екран. Има богата историја, неопислива атмосфера и уникатна магија, кои сигурно ќе направат да посакате да се враќате цело време таму. Во продолжение следуваат неколку филмови кои можат да направат да сакате да тргнете во Рим веднаш.

6 филмови поради кои ќе посакате да отпатувате во Рим

1. „Големата убавина“ (La Grande Bellezza)

65-годишен новинар кој обожава забава и убави жени, се губи меѓу носталгијата за минатото и неизвесноста на иднината.

2. „Римски одмор“ (Roman Holiday)

Станува збор за романтична комедија со Грегори Пек и Одри Хепберн, за кој таа има добиено Оскар за најдобра актерка.

3. „До Рим, со љубов“ (To Rome With Love)

Реалистична, романтична комедија која е дело на Вуди Ален, а и тој самиот глуми во него. Филмот е целосно снимен во Рим, каде што и најпрво почнал да се прикажува.

4. „Талентираниот господин Рипли“ (The Talented Mr. Ripley)

Овој филм е психолошки трилер со Мет Дејмон, Џад Лоу, Гвинет Палтроу и Кејт Бланшет, адаптација на истоимената новела на Патриша Хајсмит.

5. „Сладок живот“ (La Dolce Vita)

Италијанска драма, дел на режисерот Федерико Фелини, посветена на новинар во таблоид, кој пишува за седумте дена поминати во Рим, во потрага по среќа и љубов.

6. „Јади, моли се, уживај“ (Eat Pray Love)

Филмска адаптација на истоимениот биографски роман на Елизабет Гилберт, кој стана светски бестселер.

Сакате да подготвите и нешто благо за овој филмски маратон? Пробајте ги овие 3 италијански десерти што ќе ви помогнат и да го вкусите ова неверојатно место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар