Зошто некои месеци менструалниот циклус ви е неподнослив?

Менструацијата е непредвидлива како и времето – некогаш може да биде навистина обилна, а некогаш едвај и да ја почувствувате. Постојат неколку причини зошто вашата менструација е полоша во некои месеци. Коренот на проблемот зависи од вашиот животен стил и вашите хормони. Па, погледнете зошто некои месеци менструалниот циклус може да биде навистина неподнослив и како да се справите со симптомите.

Зошто некои месеци менструалниот циклус ви е неподнослив?

1. Недоволно спиење

Изгледа дека квалитетниот сон има голем улога во тоа како ќе се чувствувате кога ќе започнат ПМС симптомите. Кога не спиете доволно, особено за време на менструалниот циклус, ќе се чувствувате гневно и фрустрирано. Недостатокот од спиење може да предизвика и хормонални проблеми, што пак може да ја направи вашата менструација нередовна. Најдобро е неделата пред да започне менструалниот циклус, добро да се одморите и да следите постојан распоред на спиење.

2. Консумирање премногу преработена храна

Веројатно сте забележале дека како што наближува менструацијата, ви се зголемува желбата за пица или за помфрит. Брзата храна можеби ви изгледа како утеха во овој период, но шеќерите и адитивите можат да предизвикаат разни воспаленија во телото. Кога во телото ќе започне воспалителен процес за време на менструација, нормално е да се чувствувате лошо. Па, за време на менструацијата обидете се да консумирате повеќе овошје, зеленчук и производи од цело зрно. Можете да додадете и пробиотици во исхраната со кои ќе го намалите воспалението и ќе ја нормализирате рН вредноста на телото.

3. Менструацијата ви е пообилна од вообичаено

Секој месец, женската матка се „чисти“, што резултира со менструација. Матката е мускул, а контракциите ја исфрлаат менструалната крв. Стресот, хормоналните промени и доцнењето на менструацијата можат да имаат влијание на нејзината обилност. Доколку забележите дека менструацијата ви е пообилна од претходниот пат, нормално е и симптомите да бидат поизразени.

4. Стрес

Дали сте биле изложени на многу стрес во последно време? Обидете се да останете мирни. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но стресот може навистина да ви ја влоши менструацијата. Исто така, стресот може да предизвика и целосен прекин на циклусот, па добро е да го држите под контрола.

За да се ослободите од стресот пред да добиете менструација, пробајте да вежбате јога или да одите во теретана. Вежбањето го намалува стресот и го поттикнува ослободувањето на ендорфините. Овој хормон ја зголемува толеранцијата на болка и може да ви помогне со менструалните болки и грчеви. Дури и ако веќе имате менструација и многу болки и само сакате да одморите, неколку едноставни истегнувања или кратка прошетка можат да направат голема разлика.

Погледнете ги и грешките што не би требало да ги правите за време на менструација.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар