5 ситуации во кои мора да се ставите себеси на прво место

Многу често имаме навика да ги ставаме другите луѓе на прво место, а нашите приоритети целосно да ги занемаруваме. Кога нашите пријатели сакаат да прават нешто, ние треба да го прифатиме тоа без приговор, дури и да не ни се допаѓа идејата. Кога некој нѐ напаѓа и ни ги повредува чувствата, пред да го возвратиме ударот размислуваме како другиот ќе се чувствува ако си го одбраниме ставот. Но, тоа е погрешен начин на однесување и иако убаво е да се грижиме за другите, понекогаш треба да се ставиме себеси на прво место. Прочитајте во кои ситуации не смеете да ги занемарите вашите приоритети…

5 ситуации во кои мора да се ставите себеси на прво место

1. Вашето физичко здравје е изложено на ризик

Кога некој сака да го компромитира вашето здравје, вие имате право да кажете „Не“. На пример, доколку партнерот ве убедува да имате секс без заштита, само затоа што нему не му е пријатно да носи кондоми – во ниту еден случај не смеете да попуштите. Вашата обврска да се заштитите од несакана бременост и полово преносливи болести е поголема од нечија сексуална потреба. Запаметете го следново: Ваше тело, ваш избор.

2. Вашето психичко здравје е изложено на ризик

Никогаш не треба да си го ризикувате сопственото психичко здравје поради нечиј туѓ интерес. Доколку некој пријател постојано ви предизвикува стрес и ви влијае негативно на животот имате не само право, туку и должност да се заштитите себеси. Немојте да чувствувате грижа на совест поради тоа што ќе почнете да го игнорирате. Никако немојте со сила да се дружите. Животот е доволно стресен и без тоа.

3. Никој друг не мисли на вас

Многу често правиме работи за луѓе кои никогаш не ја возвраќаат услугата. Не треба целосно да го менувате вашиот распоред за да се видите со некој кој одвај нашол време воопшто да ви одговори на пораката. Заштедете го вашето време и енергија за луѓе кои ве ценат. Со тоа што на некои луѓе им давате многу повеќе отколку што тие ви даваат вам, им праќате порака дека помалку вредите од нив и дека не ви пречи да ве искористуваат. Секогаш давајте само онолку колку што добивате.

4. Не можете да помогнете

Не треба да се грижите за другите доколку вие самите сте изложени на ризик, било да се работи за премногу обврски, проблеми со здравјето или емоционална нестабилност. Кога сте во лоша состојба, а сепак се обидувате да помогнете, само уште повеќе ќе си ја влошите состојбата и нема да можете да помогнете онолку колку што би успеале кога би се чувствувале одлично. Погрижете се прво за себеси, па потоа за другите.

5. Вашата помош не е потребна

Дури и да имате доволно време и енергија, луѓето не би требало да ја бараат вашата помош освен ако навистина не им треба. На пример, големо непочитување е доколку некој пријател ве прашува за нешто што лесно би можел да го побара на Гугл или бара да му купите нешто што би можел да го купи сам ако се помрдне од каучот. Пред некој да ви побара помош, треба да се обиде сам да го реши проблемот и потоа да ви се обрати за да не се чувствувате искористено. Во спротивно залудно би го трошеле вашето време и енергија.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар