Изборот на факултетот може да открие многу за вашиот љубовен стил

Изборот на факултетот може да открие многу за вашиот љубовен стил

Сте размислиле ли некогаш зошто сте го одбрале токму тој факултет? Дали некој ве насочил на таа страна или пак, сте почувствувале нешто во себе што ве натерало да тргнете по тој пат? Можеби сте запишале одреден факултет под притисок, но сепак копнеете да одите на друг? Без разлика дали во моментов студирате, веќе сте дипломирале или пак, имате желба да запишете одредени студии, вашиот избор може многу да каже за начинот на кој љубите. Погледнете…

Изборот на факултетот може да открие многу за вашиот љубовен стил

Македонски јазик

Вие сте емоционална личност што чувствува многу. Обожавате да го преплавувате вашиот партнер со љубов и внимание, но исто така се надевате и дека тој ќе ви врати со иста мера. Вие се радувате кога правите другите да се чувствуваат посебно, па затоа и се трудите да им угодите најмногу што можете. Безнадежниот романтичар во вас тежнее за љубовна врска која изгледа исто толку добро како што звучат зборовите на познатите македонски писатели.

Бизнис

Вие уживате во малите нешта во врската, во ситниците што другите девојки најчесто не ги ни забележуваат. Вие сте едноставна личност и ги цените дури и најмалите знаци на внимание од партнерот. Вам не ви се потребни ружи и романтични вечери, доволно ви е да ја поминете ноќта во прегратките на партнерот, гледајќи серии или филмови. За вас едноставноста е совршенство.

Филозофија

Вие длабоко ги чувствувате емоции и имате значајни разговори со вашиот партнер. Имате доверба во него, па можете да му ги откриете дури и вашите најголеми тајни. Вие „оживувате“ за време на заедничките искуства. Не се грижите дали вашиот партнер ве споредува со другите, затоа што ги цените своите карактеристики и знаете дека токму тие ве прават уникатни и незаменливи.

Инженерство

Вие сте одговорна личност на која луѓето можат да ѝ веруваат, особено кога станува збор за љубовните врски. Секогаш сте на време за состаноците и вашиот партнер знае дека може да смета на вас. Вие верувате во искрен разговор и понекогаш кога нешто не е во ред, партнерот веднаш ќе знае. Не се плашите да ги изразите своите грижи – вие сте самоуверени и го покажувате тоа во секој аспект од врската.

Уметност

Вие ја полните вашата врска со страст и никогаш не се срамите да го покажете тоа што го чувствувате. Вашиот партнер ви го обожава ентузијазмот и ги гледа вашите емоции како нешто многу добро и позитивно. Вие никогаш не сметате дека претерано реагирате – тоа е едноставно вашиот карактер.

Биологија

Вие сте една од оние девојки кои не веруваат во сите слатки зборови што партнерот ќе ви ги шепне во уво. За вас се поважни негови дела, отколку зборови, па доколку тој ви каже дека ве сака нема да му верувате сè додека не го покаже тоа и на дело.

Комуникации

Вие сте полни со енергија и секогаш успевате да го насмеете вашиот партнер. Вие сте оној тип девојка што обожава да се забавува, па затоа сакате и вашиот партнер да си поминува убаво. Едноставно не постои здодевен момент кога сте заедно.

Медицина

Вие сте една од најгрижливите личности што вашиот партнер некогаш ги запознал. Секогаш сте тука за него и кога и да се чувствува лошо, знаете точно што да кажете со цел да го расположите. Вие сте постојан систем за поддршка и токму затоа тој ве обожава.

Психологија

Вие знаете точно што размислува вашиот партнер, во секој момент. Екстремно сте интуитивни и можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Доколку се појави проблем во вашата врска, вие ќе најдете начин како да го решите – најчесто со помош на зборови.

Компјутерски науки

Вашата интелигенција постојано го изненадува вашиот партнер. Вие сте досетливи и брзи, па тој знае дека не може да си игра со вас. Често се случува да им помагате на неговите родители да ги поправат своите мобилни телефони кои воопшто не знаат да ги користат, но тоа ни најмалку не ви пречи.

Сметководство

Вие сте логична и чувствителна личност. Останувате во врска само ако навистина сакате да бидете во неа, а ако сте несреќни ќе направите сè што е во ваша моќ да го смените тоа. Вие сте исклучително независна девојка и токму затоа вашиот партнер ве цени.

Политички науки

Вие сте оној топ девојка со која сите се плашат да дебатираат. Имате тенденција постојано да победувате, но дури и тоа да не се случи, ќе го завршите разговорот со изјавата: „Да се согласиме дека не се согласуваме“. Одвреме-навреме го терате партнерот да гледа вести, дури и кога тој не сака, и секогаш внимавате да е во тек со најновите случувања во светот на политиката.

Странски јазици

Вие носите егзотична енергија во вашата врска. Обожавате да пробувате нови работи и секогаш сте биле способни да го убедите партнерот да трга на непознати авантури заедно со вас. Вашиот сексуален живот е неверојатен и правите сè што е во ваша моќ тоа да остане така.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар