5 неодоливи нијанси на бои за коса кои летово се вистински хит

Некои жени можат многу долг период од животот да ја носат својата коса во иста форма и боја, но има и голем број кои обожуваат да експериментираат и да го менуваат својот изглед. Летото е период кога со особена леснотија се одлучуваме да направиме одредени промени во бојадисувањето на нашите коси. Во последно време сме сведоци дека кога некој нов тренд за убавина ќе стане хит на социјалните мрежи, тоа со брзина на молњата се проширува и веднаш се прифаќа.

(0) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хит

Боите кои ова лето се хит на Инстаграм во буквална смисла на зборот го отсликуваат летото, заоѓањето на сонцето, бохо фустаните, плажите и релаксираноста којашто владее насекаде околу нас. Избравме пет прекрасни нијанси кои можете да ги постигнете сами или пак со вашиот стилист. Која би ја одбрале вие?

1. Сонце во коса

(1) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хит

Овие нијанси се само за храбрите девојки. Без оглед дали ќе изберете длабока црвена, портокалова, жолта, виолетова или сина боја, дефинитивно ќе ве освежи. Со ваква боја на коса сите ќе се вртат по вас, а доколку не сакате толку многу драстични контрасти, додадете повеќе розова нијанса и ќе постигнете вистински ефект на залез на сонцето.

2. Виолетово омбре

(2) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хит

За оние кои сакаат само малку боја, виолетовото омбре е идеален избор. Оние кои сакаат да го сменат изгледот, но не драстично, треба да се одлучат за оваа варијанта. Малку похрабрите можат да изберат темно виолетова или дури да ја бојадисаат и целата коса во една нијанса на виолетова.

3. Тексас сина

(3) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хит

Кој вели дека тексасот е резервиран само за облека? Оваа боја на косата е одлична затоа што на главата можете да имате иста боја со омилените фармерки. Ако не сте толку храбри, одлучете се за само неколку сини прамени и веднаш ќе постигнете нов летен изглед.

4. Водни бои на коса

(4) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хит

Нијансите на водни бои на косата се голем хит оваа година, а одлични се затоа што лесно може да се дозира интензитетот. Можете да изберете од силни бои, па сè до полесни, едвај видливи прамени кои се доволни да ви ја освежат целата фризура.

5. Портокалова

(5) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хит

Ако не сте доволно храбри да се бојадисате портокалово и да го привлечете сето внимание на себе кога ќе се движите по улица, секогаш можете да смислите некоја слична нијанса или прамени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар