5 хигиенски пропусти кои морате веднаш да престанете да ги правите

Спречувањето на ширењето на бактериите од еден на друг предмет е навистина тешка задача. Бактериите се шират и преку воздухот и имаат можност да завршат на места за кои инаку мислите дека се совршено чисти. Кога станува збор за тоалетот, сите ќе се согласат дека тој е одлично место за настанување и множење на бактерии поради постојаната влага. За да го избегнете и додатното ширење на бактерии, морате да престанете со следниве хигиенски пропусти.

5 хигиенски пропусти кои морате веднаш да престанете да ги правите

1. Не го спуштате капакот на тоалетната школка

Станува збор за капакот со којшто се затвора школката. За да го спречите ширењето бактерии низ целиот простор во тоалетот, пред да пуштите вода не заборавајте да го спуштите капакот.

2. Одите во тоалет со телефон

Сакате ли траги од урина и фекалии на нешто што го ставате на вашето лице? Бидете трпеливи за одговарањето на пораките и разгледувањето на социјалните мрежи. Откако ќе завршите со физиолошките потреби, тогаш можете да им се посветите.

3. Ретко ја менувате четката за заби

Според мислењето на експертите, четката за заби треба да се менува на секои 2 до 3 месеци, за насобраните бактерии да не предизвикаат воспалување на забното месо.

4. Сушите облека во тоалетот

Сигурно не сакате да ја сушите долната облека во најпогодното опкружување за бактерии. Облеката е најдобро да ја сушите на отворено, а кога е студено сушете ја во соба без влага.

5. Не ги чистите четките за шминка

Приборот за шминкање бара темелно чистење барем еднаш неделно. По чистењето, најдобро е да го исушите на воздух. Покрај тоа, не заборавајте редовно да ги менувате крпите за лице и тело – барем на секои 3 дена.

Погледнете и кои работи во вашиот дом треба да ги чистите секојдневно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар