4 токсични состојки во одредени намирници кои не смеете да ги игнорирате!

4 токсични состојки во одредени намирници кои не смеете да ги игнорирате!

Сигурно досега сте слушнале дека доколку се консумираат некои состојки во поголеми количини можат сериозно да му наштетат на вашето здравје. Еве шест од нив кои не смеете да ги занемарите.

4 токсични состојки во одредени намирници кои не смеете да ги игнорирате!

Бисфенол А

Бисфенол А е хемикалија која се наоѓа во дел од пластичните садови како и металните конзерви. Така, студиите покажале дека иако навидум садовите се безбедни за користење, сепак оваа состојка може да дојде во контакт со храната. Истражувањата покажале дека оваа хемикалија предизвикува проблеми со репродукцијата и го зголемува ризикот од рак на дојка и простата кај фетусот во развој. Освен тоа, високите нивоа на бисфенол во организмот се поврзани со отпорност на инсулин, дијабетес како и зголемена телесна тежина. За да ја избегнете изложеноста на ова потенцијално штетно соединение, избегнувајте ги пластичните садови колку што е можно повеќе, вклучувајќи ја и флашираната вода. Наместо тоа, користете стакло и не’рѓосувачки челик.

Полициклични ароматични јаглеводороди

Полицикличните ароматични јаглеводороди (PAH) се сметаат за загадувачи на животната средина. Тие се јавуваат како резултат на согорување на органски материјал, но ги има и во храната. Така, кога месото се пече на скара или се пуши на високи температури, маснотиите кои капат на жешката површина во себе содржат честички на полициклични ароматични јаглеводороди. Истражувањата покажале дека црвеното месо, рибата и пилешкото содржат речиси идентична количина на PAH. Треба да се спомене дека оваа состојка е токсична и го зголемува ризикот од рак на дојка, бубрези, дебело црево и простата.

Кумарин во циметот

Кумаринот е токсично соединение кое се наоѓа во циметот C. cassia, C. loureiroi и C. Burmannii, односно видовите цимет кои се најраспространети во продавниците за храна. Доколку се консумира во големи количини, кумаринот може да доведе до зголемен ризик од рак како и оштетување на црниот дроб.

Додадени шеќери

Додадените шеќери честопати се нарекуваат „празни калории“, но нивните штетни ефекти се многу посериозни. Така, храната богата со додадени шеќери е преработена и може негативно да влијае врз здравјето и да придонесе за зголемување на телесната тежина, развој на дијабетес тип 2, замастен црн дроб и други хронични заболувања. Затоа, препорачливо е да го намалите внесот на овошни сокови, грицки и десерти.

Откако прочитавте за овие токсични соединенија, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те видови овошје и зеленчук што содржат токсични материи.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар