3 маски од краставица кои ќе го освежат вашето лице

3 маски од краставица кои ќе го освежат вашето лице

Секој сака да има убаво и нежно лице, но за да го постигнеме тоа треба да водиме посебна грижа за него, т.е. да го негуваме на здрав и природен начин. За да ги избришете трагите од заморот и секојдневниот стрес од вашето лице, ви препорачуваме три лесни и брзи маски за лице во кои главната состојка е краставица.

tri-maski-od-krastavica-koi-kje-go-osvezhat-vasheto-lice-www.kafepauza.mk

1. Краставица и јогурт

Излупете ја краставицата и исечкајте ја. Потоа ставете ја во блендер и додадете мала шолја јогурт и лажичка млеко во прав. Блендирајте сè додека не добиете кремаста смеса. Нанесете ја на чисто лице и опуштете се 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода.

2. Краставица и алое вера

Ќе ви биде потребна пола краставица и две лажички гел алое вера. Краставицата излупете ја, иситнете ја и мешајте ја заедно со гелот додека не добиете густа паста. Нанесете ја маската на чисто лице, избегнувајќи го пределот кај очите. Оставете ја маската да делува 30 минути, а потоа измијте ја со топла вода.

3. Краставица и мед

Ова е посебно добра маска за уморна кожа. Измешајте половина излупена и исечкана краставица со лажичка мед, лажичка сок од лимон и свежо нане. Кога смесата ќе стане кремаста, нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја да делува најмногу 20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Ќе се зачудите колку краставицата може да ви помогне. Секако, не заборавајте и на уморните очи. Само 10 минути одмор со крукчиња краставица на очите можат да го избрише уморот од вашите очи.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар