3 чести брачни совети што не смеете да ги слушате

Кажувањето на судбоносното „да“ не е гаранција дека вие и вашиот партнер ќе бидете среќни до крајот на животот. Бракот бара многу труд и вложување. Понекогаш напорите што ги вложуваме функционираат, понекогаш не, но во моментите кога не е сè идеално многу често добиваме тон совети и предлози како можеме да ги поправиме нештата. И иако овие совети се најчесто добронамерни, сепак некои треба да се заборават веднаш. Во продолжение следуваат трите совети за „среќен“ брак кои не треба да ги послушате.

1. Во ред е ако нема секс

Месец или два без секс, не мора да значи дека постојат проблеми во вашиот брак. Но, сексот е важен дел од брачниот живот и ако изостанува подолго време тоа не е во ред, и најверојатно е знак дека сепак постои некаков проблем. Ако вашиот сексуален живот скоро и да не постои, време е за разговор со сопружникот со цел заедно да откриете што се случува и да го решите проблемот. Во спротивно, вашиот проблем може да стане многу сериозен, а како последица и емоционално да се одвоите.

2. Сите заеднички моменти ги правите посебни

Со други зборови, сè што заеднички планирате, го правите специјално – организирање вечери со свеќи, планирање бегство за викенд… Прашањето е, дали навистина сакате постојано да сте под притисок дека мора да правите нешто магично и незаборавно кога сте заедно? Иако малото бегство може да биде супер за вашата врска, секојдневните, сосема обични активности воопшто не се лоши.

3. Родителството ќе ги реши сите проблеми

Овој совет луѓето им го даваат на оние брачни партнери што западнале во лош период, но е еден од најлошите совети што никако не смее да се послуша. Ако и вие минувате низ лош период, постојано се карате или се оддалечувате – детето нема да ви помогне. Баш напротив. Иако почетното возбудување може да направи да заборавите на проблемите на кратко, кога ќе се соочите со уште потешката реалност со детето, најверојатно е дека ќе доживеете уште поголеми и посилни проблеми. Па, пред да се решите за дете, погрижете се дека вашиот однос е во добра состојба.

Како да го натерате партнерот да ве слуша? Ова се трите начини…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Таки Reply

    Интересна статија, сепак заинтригиран сум и од прашањето т.е. прашањата како што доколку се нема време и простор или пак најчесто поставувано прашање „А, каде би имале“ ? што во тој случај 😀

Остави коментар