Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

Кога ќе го слушнете зборот милијардер, најверојатно помислувате на Џон Д. Рокфелер или Бил Гејтс. Но, во оваа група луѓе спаѓа и помалку познатиот Џ. Пол Гети. Тој живеел во втората половина од 20-тиот век и бил најбогатиот човек на планетата – поседувал 80% од нафтата во целиот свет. Тајкунот бил роден во многу богато семејство и само го зголемил тоа богатство. Во продолжение, погледнете некои интересни факти за него и за неговиот живот.

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Родителите на Пол верувале дека Бог им давал богатство на луѓето доколку ги следеле правилата. Тие го одгледале нивниот син на строг и авторитарен начин.
  • Нивното прво дете умрело, па родителите му забраниле на Пол да комуницира со неговите врсници. Мајка му верувала дека може да се зарази со истата болест што го убила првото дете. Истовремено, отворено му кажувале дека го сакале помалку бидејќи не сакале да страдаат доколку и тој умрел.
  • Џ. Пол Гети верувал во реинкарнација. Еднаш видел фотографија од статуа од римскиот император Трајан и помислил дека си наликуваат. Подоцна изјавил: „Сакам да верувам дека душата на Трајан живее во моето тело и сакам да го видам начинот на којшто би се однесувал.“
  • И покрај учењата на неговите родители, Пол не станал религиозен, туку им се противел. Ова буквално го чинело многу. Татко му му давал поразително мала финансиска поддршка, а во тестаментот нагласил дека неговото богатство ќе го наследи сопругата, а не син му.

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Откако Џ. Пол Гети дипломирал на Оксфорд, решил да му се приклучи на семејниот бизнис. Татко му му давал плата од околу 100 евра месечно.
  • Џ. Пол Гети го направил првиот милион кога наполнил 23 години. Ова би се случило и порано, доколку татко му му ги дал парите што Пол ги побарал на заем. И мајка му одбивала да му позајмува голема сума пари.
  • Во 1966-та година, Гинисовата книга за рекорди го именува Пол како најбогатиот човек во светот. Неговото богатство било проценето на околу 1 милијарда евра, односно 9 милијарди според стандардите во 2017-та година.
  • Еден од најпознатите цитати на Гети е: „Трајната врска со жена е возможна само ако сте бизнис неуспех.“ Тој бил во брак 5 пати, и секоја од неговите сопруги била доволно млада да му биде ќерка. Според неговите биографии, 4 од нив биле девици.

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Од овие 5 брака, Пол имал 5 сина. Еден од нив умрел за време на операција на 12-годишна возраст. Во овој период, Пол бил во Европа. Одбил да се врати во Америка бидејќи бизнисот не смеел да чека.
  • Во 1973-та година, уште еден од синовите, кого Пол го сметал за наследник, умрел. Во овој период еден од помладите синови го тужел, барајќи поголема финансиска поддршка за него и за неговите браќа. Гети го добил случајот, но сепак почнал да им дава пари на синовите, секако, помалку отколку што барале.
  • Во 1973-та година, 16-годишниот внук на Пол бил киднапиран. Пол одбивал да го плати откупот од 15 милиони евра цели 5 месеци. Во врска со ова изјавил: „Имам 15 внуци, ако платам сега, веднаш ќе ги ставам останатите 14 внуци на ризик од киднапери.“

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Кога киднаперите му пратиле на Пол прамен од косата на внукот и неговото уво, и откако ја намалиле сумата на 2 милиони, Гети се согласил да плати.
  • Кога Џон му се јавил на дедо му за да му се заблагодари за откупот, Пол не одговорил на телефонот.
  • Филмот „Сите пари на светот“ (All the Money in the World) е направен според овие трагични настани.

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Гети го купил Сатон Плејс во Англија и живеел таму сам, не вклучувајќи го обезбедувањето. Во својата вила имал 34 спални соби и 14 бањи. Никогаш не поканил ниту еден роднина да го посети.
  • Во подоцнежните години од неговиот живот, Гети имал многу аристократски љубовници кои живееле со него во вилата. Гети уживал во фактот дека аристократка готвела за него и му ги исполнувал желбите.

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Сите овие жени морале да потпишат договор дека нема да бараат никакви финансиски средства од Гети. Дури тогаш можеле да живеат во вилата.
  • Рециклирањето на Гети го достигнало врвот во подоцнежните години. Рециклирал и канцелариски материјал. Внимателно ги чувал и ги рециклирал ковертите, прецртувајќи ги старите адреси. Пишувал писма на веќе употребени листови наместо на нови.
  • За да заштеди за централно греење, Гети поставил неколку електрични греалки во неговата дневна соба.
  • Понекогаш, неговите гости во вилата се јавувале во Австралија или во Америка. Овие повици не биле евтини, па Гети инсталирал телефонски говорници за неговите гости. Доколку сакале да се јават, морале да платат.
  • Еднаш Гети однел група пријатели на шоу за кучиња во Лондон. Ги натерал да пешачат околу соседството 10-тина минути додека билетите не паднале на половина цена.
  • Според администрацијата за данок на Америка, многу години, даноците на Гети не биле повисоки од 500 евра годишно.

Џ. Пол Гети: Милијардерот кој одбил да плати откуп за неговиот внук

  • Пол бил штедлив дури и кога станувало збор за него. На пример, не купувал чорапи поскапи од 90 центи.
  • Во неговата старост, Гети страдал од разни фобии. Му било страв да лета и да се јавува на телефон, па поради ова секретарка им кажувала на роднините дека не сака да зборува со нив.
  • Во 80-тите, Гети користел експериментална дрога за да ја зачува потенцијата.
  • Во неговото последно интервју, направено неколку недели пред неговата смрт, го прашале што друго сака од животот кога е најбогатиот човек на светот. Тој одговорил дека сакал да продолжи со бизнисот.
  • Кога Гети умрел, неговото семејство, вклучувајќи ги синовите и посветените слуги, не добиле речиси ништо. Најголемиот дел од неговото богатство завршило во музеј во Малибу, што го направило најбогатиот музеј во светот.
  • Еден новинар го дал овој коментар за смртта на Гети: „Најбогатиот, најосамениот и најсебичниот маж умре денес. За 84 години од неговиот живот, тој не даде ни цент во добротворни цели.“

Запознајте ги и милијардерите чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар