15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето - Part 2

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

6. Клекнување со тег или топка

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Вашите рамена се поставени нанапред, така што и грбот ви оди нанапред. Ако клекнувате премногу ниско, дополнително ќе го преоптоварите телото.

Правилно: Повлечете ги рамената наназад и притиснете ги едно кон друго. Грбот треба да ви биде исправен и благо превиткан во долниот дел. Бутовите мора да се поставени паралелно на подот додека клекнувате.

7. Кревање тег

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Нозете и рацете не ви се вертикални. На тој начин ризикувате да паднете и да си ги повредите зглобовите.

Правилно: Свиткајте ги колената, издадете ги градите нанапред, свиткајте го долниот дел од грбот и повлечете ја карлицата наназад. Држете ги рацете и нозете под прав агол во однос на подот.

8. Чекорење на платформа

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Колку подалеку стоите од платформата толку поголем товар им предизвикувате на колената наместо на мускулите на нозете.

Правилно: Исправете го грбот и притиснете ги рамената едно кон друго. Благо издадете го грбот и стојте поблиску до степерот или платформата. Коленото мора да ви биде во линија со стапалото.

9. Кревање тегови во лежечка позиција

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Колената ви се свиткани под тап агол. Грбот ви е исправен, а тегот го држите нанапред. На тој начин товарот е нерамномерно распределен и вежбата ја губи ефективноста.

Правилно: Тегот мора да ви биде приближно во линија со рамената. Свиткајте го долниот дел од грбот. Свиткајте ги колената и поставете ги стапалата малку наназад кон колковите.

10. Клекнување со една нога назад и со тегови

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Коленото ви е свртено на страна, што е крајно неефективно и штетно.

Правилно: Коленото мора да ви биде во линија со стапалото и свиткано под агол од 90 степени кога ќе чекорите нанапред.

Преминете на последната страница за останатите грешки…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар