14 начини за емотивно поврзување со партнерот кое води до пожешка игра под чаршафите

Поврзаноста е една од трите клучни компоненти за интимен, возбудлив и задоволувачки сексуален живот кој ќе трае. Додека многумина мислат дека приврзаноста се гради со текот на времето, тоа не е секогаш случај. Некои луѓе едноставно „кликнуваат“. Нивната поврзаност трае долго и е многу длабока. За други, времето е непријател. Колку подолго се заедно толку повеќе опаѓаат заинтересираноста и мистеријата. Тие се привикнуваат на удобна приврзаност која е длабока и лесна, но ѝ недостига сексапилност. Нема ништо погрешно во ова, но честопати паровите сакаат повеќе – повеќе страст, огномети и забава! Ако сакате да чувствувате вибрации и возбуда како на првиот состанок следете ги следниве 14 едноставни начини за да се поврзете подлабоко со себеси и со вашиот животен партнер.

1. Секојдневно поминувајте одреден период голи. Звучи страшно, но започнете со тоа што ќе спиете голи. Подоцна можете и да застанете пред огледалото гледајќи го телото и именувајте ги деловите од него што ги сакате.

2. Забележете ги вашите негативни мисли. Кога се појавуваат? Како можете да се изборите против нив? Често клучот не е премин од негативност во позитивност туку од негативност во неутралност. Исказот „Го мразам моето тело“, не мора да стане „Јас сум премногу секси“, туку може да биде „Јас го имам ова тело“. Бебешки чекори!

3. Танцувајте!

4. Создадете дневен ритуал кој ќе ви помогне во преминот од „правење“ во „бидување“. Движење, медитација, вежби за дишење, есенцијални масла и водење дневник се одлични идеи за одмор.

5. Во моментите на анксиозност, паника или сомнеж во себе практикувајте себе-релаксирање. Тоа може да го правите преку длабоко вдишување (броење до пет при вдишување и пет секунди при издишување за да го активирате нервот вагус), гушнете се сами или нежно притиснете ги рацете од рамената до дланките.

6. Масирајте ги скалпот, вратот и рамената секој ден.

7. Почитувајте ги сопствените „да“ и „не“. Стопирајте пред да одговорите на покани и барања во спалната, на работа и во секој друг дел од вашиот секојдневен живот.

8. Секој ден упадливо гледајте се меѓусебно со партнерот во очи во траење од 4 минути пред или после сексуален однос.

9. Имајте посебен начин за збогување и повторно гледање. Наместо едноставно „чао“ или „здраво“, прегрнете се и зачинете ја прегратката со бакнување, имајте контакт со очите и посакајте му убав ден или кажете му колку сте среќни што го гледате.

10. Секогаш допирајте се кога сте заедно на каучот или креветот.

11. Држете се за дланките при предизвикувачки разговори и дискусии.

12. Пред секс седете свртени еден кон друг. Држете се за дланки, споделете што ви се допаѓа кај другиот и што ве прави секси.

13. Пребарајте на Гугл најчудни активности што би можеле да ги правите во вашиот град и излезете. Оставете ги телефоните дома, напишете дирекции и впуштете се во туристичка авантура.

14. Подарете си меѓусебно сензуална масажа.

Поврзувањето со себеси и со партнерот не одзема премногу време, енергија или пари. Се работи за подобрување на тоа што го правите, така што вложувате повеќе внимание и присутност. Ако ги правите регуларно овие мали промени, тие ќе ви дадат основа за повторно враќање на искрите или повторно разгорување на огнот, без оглед што ќе се случува во вашиот живот.

Прочитајте и кои овошја имаат афродизијачки ефект коишто го зачинуваат сексуалниот живот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар