10 знаци дека почнувате да се заљубувате

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

Автор: Бојана Мандевска

Зимата полека си заминува, а пролетта ни чука на порти. Пролет, време за промени. Од некоја непозната причина, ова е период од годината кога нашите тела како да се програмирани да се заљубат. Кога сите пупки цутат и природата околу нас се раззеленува, изгледа и нашето срце почнува побрзо да чука. Понекогаш самата помисла на доаѓањето на пролета и напуштањето на досадната зимска рутина, буди нови љубовни чувства кај нас. Почестите излегувања, прошетки се причини за почести дружби и нови познанства. Некое од новите познанства, може ќе бидат причина за разлетување на пеперутките во вашиот стомак, заљубување и среќно започнување нова љубовна врска.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

Ако почнаа да ве наросуваат романтични чувства, ова се 10-те симптоми по кои ќе познаете дали сте заљубени.

1. Прескокнување на оброците

Ммм прекрасен начин за слабеење. Заборавањето на редовното внесување храна, не значи само дека сме расеани, туку и дека личноста на која не можеме да престанеме да мислиме, ја сакаме повеќе од храната. Може дополнителна причина за овој тип „гладување“, се пеперутките кои ни летаат низ утробата кога ќе помислиме на  љубениот/а, па се чувствуваме како храната воопшто да не ни е ни потребна.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

2. Се фаќате себеси како се смешкате без особена причина

Краткотрајното чувство на заљубеност може да предизвика значајни промени во вашиот организам. Љубовта, особено во првите денови, прави да се чувствуваме среќни, задоволни со сами себе, замечтаени во мислите и ни мами насмевка на лицето.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

3. Не можете да го/ја гледате во лице

Одненадеж не можете таа личноста да ја гледате во очи додека разговарате, бидејќи се плашите дека ако ве погледне, ќе ги открие вашите чувства. Додека зборувате, пробајте да го/ја гледате во челото или околу носот. Побезбедно е. 🙂

4. Мислите на него/неа додека наутро се облекувате

Додека се спремате за излегување, во главата ви се вртат многу мисли: дали би му/ѝ се допаднале во оваа кошула, дали бојата добро ви стои на тенот, дали да вложите повеќе напор од вообичаеното во средувањето на косата, дали да се нашминкате како секој ден или пак да ставите малку повеќе шминка… Тоа е уште еден од показателите на заљубеност. Дотерајте се, во ниеден случај тоа не е погрешно постапување.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

5. Ви недостига кога не е во ваша близина

Навикнати сте личноста која ви се допаѓа да ја гледате на одредено место на пример на работа, на предавања, во кафуле и доколку во одреден момент не е таму, почнувате да се чувствувате по малку разочарано и сте постојано во исчекување во секој момент да се појави од некаде.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

6. Станувате љубоморни за некои чудни работи

Одредени моменти и ситуации кои до пред извесно време не ги ни забележувавте, почнаа полека да ви пречат. Се фативте себеси како станавте љубоморни при помислата: „Каде е, со кого е, зошто не се појавува, зошто не се јави…?

7. Ја замислувате сликата на вашето дете

Упс! Во одреден момент се фативте себеси како размислувате за тоа какво би било вашето заедничко дете. Тоа значи дека вашите чувства се искрени и почнуваат полека, но сигурно да стануваат сѐ посериозни.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

8. Луѓето ве забележуваат дека блескате

Помислата на љубената личност ви измамува насмевка на лицето и задоволство. Необјаснивата среќа која блеска од вас, е доволно моќна да го привлече вниманието на луѓето околу вас кои забележуваат дека сјаете, изгледате физички подобро и посреќно.

9. Потешко се концентрирате на работата

Потребно ви е повеќе време од вообичаено, за да се концентрирате на задачата која треба да ја завршите. Поминувате половина час во психичка подготовка пред да почнете со работа, но и откако ќе почнете, вашите мечти и понатаму се насочени кон љубениот/а и тогаш сфаќате дека сте мноооогу заљубени.

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

10. Одненадеж вашиот карактер се подобрува

Без разлика дали сте машко или женско, заљубеноста буди некои подзаспани интересни карактеристики кај вас. Одеднаш почнувате да вложувате во подобрување на вашите кулинарски способности, ја преуредувате вашата соба, им нудите колачиња на сите колеги на работа, правите и некои измени во својот изглед. Станувате попримерни и поуредни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Во нешто се пронаоѓам :$

  2. Happy Reply

    Офф леле, тешко мене, во сите се пронајдов! 😀

Напиши одговор на Смајли Откажи одговор