10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима

10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима

Девојки, нурнете се во вашите плакари. Можеби ќе најдете нешто што мислевте дека никогаш повеќе нема да можете да го носите или уште повеќе во некоја неочекувана комбинација. Ова се 10 совети за оваа сезона, произлезени од новиот каталог на J.Crew .

1. Можете да носите иста боја панталони и блуза, па дури и кармин, сè додека ваквиот изглед го разбиете со 3 други бои.10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима2. Можете да мешате две парчиња со различни дезени сè додека тие се направени со иста комбинација на бои.
3. Мешањето парчиња со различни шари не ги заобиколува ниту пругите. Можете да носите хеланки и џемпер со пруги во различна ширина, но со иста комбинација на бои. Ваквиот изглед, разбијте го со долга еднобојна јакничка, струкирана и со ремен на половината.10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима4. Широките панталони во малку старовремски стил може да се носат доколку се искомбинираат со вистинските парчиња, светкава блузичка и лакирани чевли.
5. Ако мислевте дека врзувањето џемпер околу струкот треба да остане во ’90-те, помислете уште еднаш. Тенко џемперче врзано на струк, кое паѓа врз класичнo струкиранo мини здолниште, може да му даде „кежуал“ дух на вашиот целокупен изглед.10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима6. Едноставниот изглед може да биде и секси. Искомбинирајте молив мини здолниште до колена со тенка неприлепена блуза со долги ракави и шпиц-чевли.10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима7. Ако обожавате да носите кошулки закопчани до врвот под џемперџиња, тогаш можете да го комплетирате ваквиот изглед со накит во истата боја како и останатите две парчиња под него.
8. Постои начин да комбинирате зелена и црвена боја во овој период од годината, без притоа да изгледате како да сакате да го доловите новогодишниот дух. 10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима8. Можете да ја употребите тенката вратоврска на вашето момче или сопруг доколку ја врзете околу јаката на кошулата во лабав чвор. Повторно можете да комбинирате сродни дезени со иста комбинација на бои, а шаренилото разбијте го со еднобојно џемперче на закопчување.10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима10. Ролките со широк отвор се повторно ин. Носете џемпери со ваков отвор во светли бои под текни и струкирани капутчиња.10 важни тајни за стилот оваа сезона есен/зима
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Дац Reply

    значи моjот стил на комбинирање секакви парчиња конечно дојде на мода 🙂
    оу је хахаха

  2. Nina Reply

    конечно ! сеа народот ке не сфати!

Напиши одговор на Nina Откажи одговор