10 начини за брзо ослободување од главоболката

6. Масажа на нозете

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Оваа точка се наоѓа 4 прсти над највисоката точка на вашиот глужд, во празнината зад коската од внатрешната страна на ногата. Лоцирајте ја точката и масирајте ја со палецот со нежен притисок 4-5 секунди. Притискањето на оваа точка го намалува стресот и има смирувачко дејство на умот.

7. Масажа на вратот

10 начини за брзо ослободување од главоболката

И овој пат станува збор за акупресура. Две точки се лоцирани во празниот дел помеѓу вертикалните мускули на вратот, на основата на черепот. Со показалецот и средниот прст од двете раце нежно притискајте ги точките 10-тина секунди. Потоа пуштете ги и повторете. Оваа масажа ја намалува главоболката предизвикана од напнатоста во вратот. Ќе ви помогне да ја намалите и мигрената.

8. Масажа помеѓу очите

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Овие точки се наоѓаат на двете страни од носот каде што носот се спојува со веѓите. Со показалците нежно притиснете ги двете точки и држете околу 10 секунди. Пуштете и повторете. Оваа масажа ја намалува главоболката предизвикана од проблеми со очите и синусите.

9. Масажа на рамената

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Овие точки се наоѓаат помеѓу рамената, на основата од вратот. Со палецот масирајте ја левата точка со кружни движења околу 1 минута. Потоа повторете на другата страна. Оваа масажа ги релаксира вратот и рамената, а со тоа и главоболката.

10. Масажа на очите

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Овие точки се наоѓаат на надворешниот агол од вашите очи. Со показалците и средните прсти нежно масирајте ги точките сè додека не почувствувате дека болката се намалува. На овој начин ќе се ослободите од болката поврзана со мигрена.

Погледнете и кои видови главоболка укажуваат на сериозно заболување.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар