10 модни правила кои НЕ треба да ги прекршите

10 модни правила кои НЕ треба да ги прекршите

Автор: Д. Џ.

Минатата недела, со вас ги споделивме правилата кои ве предизвикуваме да ги прекршите, овој пат ќе одиме во обратен правец – некои правила сепак треба да останат тоа што се и да ја задржат својата улога.

Додека повеќето модни правила се досадни и премногу стари за да бидат почитувани, неколку од нив го положиле тестот на времето. Се фокусираме на неколку од тие „не-кршливи“ правила кои треба да ги знае секој од нас кој сака да изгледа и да се чувствува добро.10 модни правила кои не треба да ги прекршитеОвој пат ве предизвикуваме да ги следите овие 10 модни „закони“:
.

1. Не го менувајте својот стил според модата

На прсти се бројат луѓето во светот кои можат да си дозволат постојано да ја менуваат својата гардероба според моменталниот тренд. Тоа е една работа, но не и најважна зашто не треба слепо да го следиме секој моден тренд. Секој од нас има сопствен, препознатлив стил кој е само негов. Тој стил треба да се освежува, но да се задржи. Ако некое парче е модерно, не значи дека мора да ви се допаѓа и да се вклопува во вашата гардероба!
.

2. Инвестирајте во класични парчиња кои никогаш нема да излезат од мода

Ова и минатото правило никогаш не одат едно без друго. Правилото е многу едноставно и секој од нас треба да го почитува – не инвестирајте во нешто што планирате да го носите само една сезона. Доколку сакате да имате некое повредно и поскапо парче, нека биде тоа парчето кое никогаш нема да излезе од мода – бела кошула, црни потпетици, фармерки…10 модни правила кои не треба да ги прекршите

3. Секоја девојка треба да поседува бар едно црно здолниште, секое момче – црно сако

Едноставното црно здолниште е парчето кое може да се искомбинира на милион начини и е неопходно да го има секоја девојка. Тоа е лесно за комбинирање, без разлика дали треба да се направи посвечена комбинација, комбинација за вечерно излегување или за дневна шема (искомбинирано со рамни чевли и џемперче). Тоа што ова здолниште е во гардеробата на девојките, кај момчињата е црното сако. Сакото е прекрасно парче, без разлика дали е искомбинирано со кошула и кравата или пак со фармерки и интересна маичка со кратки ракави.10 модни правила кои не треба да ги прекршите

4. Никогаш не носете бела облека на туѓа венчавка

Едно од најстарите модни правила кое секој од нас го знае. Постојат повеќе причини зашто ова правило се почитува толку време. Носењето бела облека на туѓа венчавка ќе направи невестата да се чувствува неубаво – тоа е нејзиниот посебен ден! Бидете добар пријател и гостин. Колку добро и да ви прилега белата боја, не е неопходно да ја носите баш тој ден од годината.
.

5. Пижамите никогаш, никогаш не треба да бидат видени во јавност

Доколку на светот сакате да му дадете до знаење дека комбинирањето облека не е вашата главна преокупација, ова не е начинот да го направите тоа! Кога е еден од тие денови кога едноставно сакате да носите нешто удобно и немате време и нерви да смислите што, посегнете по вашиот омилен пар фармерки и некоја едноставна маичка, не по вашите пижами или стари, истегнати тренерки!10 модни правила кои не треба да ги прекршите

6. Патиките за трчање никогаш, никогаш не ги комбинирајте со фармерки!

Можеби едно од најчесто прекршуваните модни правила. Патиките за трчање има зашто се наречени така – наменети се за трчање! Иако удобни, тие не треба да бидат нашите секојдневни, удобни чевли кои ќе ги носиме секаде. Има толку други удобни, едноставни чевли кои можете да ги носите, не мора да се токму овие патики.
.

7. На работа е секогаш подобро да сте подотерани одошто треба, отколку помалку

Иако премногу дотерување за на работното место може понекогаш да направи да се чувствувате неудобно, секогаш е подобра опција отколку одењето на работа несредени. Вашата грижа за изгледот и среденоста кажува многу за вас и вашиот однос и кон други работи во животот. Што е најлошото што може да се случи? – Да изгледате премногу добро, а тоа секој ќе се сложи дека не е некој проблем.10 модни правила кои не треба да ги прекршите

8. Доколку не се чувствувате удобно во нешто – не го носете!

Целта на облеката која ја избирате и вашиот стил е да направат да се чувствувате убаво и удобно. Под удобно, покрај физички удобно, се мисли и на тоа дека некое парче треба да ви е и психички удобно за да изгледате одлично во него. Ако облеката која ја носите не ја сакате и не ви се допаѓа, тогаш не ја носете! За да изгледате убаво во очите на другите, треба да бидете сигурни во комбинацијата која сте ја направиле. Доколку не ви се допаѓа тоа што го носите дента – изразот на вашиот лик ќе се промени, начинот на кој се движите, вашиот од, вашата самодоверба ќе биде на пониско ниво и постојано ќе мислите на облеката.
.

9. Бидете сигурни и реални во изборот на нови парчиња

Кога ќе посегнете по некое парче во продавницата, секогаш, секогаш пред да го купите истото, прашајте се себеси дали имате со што да го носите и дали добро ќе се вклопи во вашата гардероба? При купувањето облека следете го „правилото на тројката“ – доколку немате 3 различни комбинации на ум кои можете да ги направите со тоа парче, бидете реални и не ги давајте своите пари за џабе!10 модни правила кои не треба да ги прекршите

10. Важно е како го носите, не што носите

Најважното и најповторуваното правило од сите – облеката што ја носите, носете ја со сигурност и гордост. Како што веќе спомнавме, вашата самодоверба и начинот на кој се гледате себеси, ќе диктира како луѓето ќе гледаат на вас. Доколку многу ви се допаѓа некое невообичаено парче (накит, чевли, јакна…) заради кое мислите дека луѓето чудно ќе ве гледаат и никој друг околу вас нема слично, носете го! Сè додека тоа го правите со гордост и исполнети со самодоверба, тоа ќе ве обележи како личност со стил и ќе ве направи да се чувствувате и изгледате посебно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Patiki i farmerki Reply

    Za patikite ne se slozuvam!Ne se samo za trcanje, i so farmerki ubavo izgledat…

Напиши одговор на Patiki i farmerki Откажи одговор