Тест: Изберете карта и откријте што ве очекува во следните денови!

Тест: Изберете карта и откријте што ве очекува во следните денови!

Изберете ја картата што најмногу ве привлекува. Таа ќе ви открие што ве очекува во наредните денови.

Тест: Изберете карта и откријте што ве очекува во следните денови!

  • Карта бр. 1

    Оваа карта ви ветува среќа, помош од сосема неочекуван извор или неочекувано решение на проблемот кој долго време ве измачува и тоа во ваша корист. Сето тоа ќе ви помогне да стекнете сила и да го продолжите своето патување, свесно избирајќи го својот пат. Оваа карта го означува и фактот дека донесовте добра одлука и дека се движите во вистинската насока. Покрај тоа, таа укажува и на нови работи како знаење, искуства и совети. Не заборавајте дека за да бидете успешни мора да бидете храбри.

  • Карта бр. 2

    Оваа карта укажува на вистинската љубов и посветеноста. Освен тоа, таа ги симболизира и чесноста и лојалноста. Таа ви порачува дека ќе го добиете она што го сакате само доколку го слушате сопственото срце и ако верувате во она што го чувствувате. Таа, исто така, ве советува и да се обидете да ги решите конфликтите и недоразбирањата на мирен, пријателски начин. Меѓу другото, ве поттикнува да верувате во себе и во своите чувства. Започнете со донесување одлуки и преземање акција и не заборавајте кој или што е тоа што вистински ви значи.

  • Карта бр. 3

    Ова е картата на просперитетот и пријателството! Бидете искрени со себе и само така ќе добиете помош, поддршка и сила. Оваа карта ве потсетува на универзалните закони – сето она што ќе го дадете, тоа ќе ви се врати. Не можете да најдете одговор или решение? Одвојте време за да бидете сами со себе и ќе најдете решение за проблемот. Освен тоа, оваа карта е симбол на духовното, рационалното и чистотата на мислата. Таа ве советува да не размислувате за одмазда или награда, туку за простување. Правете го она што ви го налагаат вашата душа, срце и принципи, наместо да барате бенефиции од моменталната ситуација. Запомнете дека магијата во нашите животи доаѓа од нас самите!

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во октомври.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар