Откријте ја духовната симболика на желките!

Откријте ја духовната симболика на желките!

Желките се дел од најстарите живи суштества на планетата. Така, не е за чудење фактот дека тие имаат духовна симболика во културите на многу народи и се сметаат за моќни животински тотеми. Станува збор за мистични суштества кои носат езотерично знаење и пораки од духовното царство во физичкиот свет. Дали знаевте дека секоја случајна средба со желките навестува длабоко духовно значење за вашиот иден животен пат? Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.

Откријте ја духовната симболика на желките!

1. Дуалистичка енергија

Ако внимателно размислите, ќе сфатите дека целиот свет е создаден од две сили кои се со спротивна природа, но, сепак, тие не се спротивставуваат меѓусебно. Така, постојат светлина и темнина, јин и јанг, божествено женско и божествено машко и сите тие ја претставуваат дуалистичката природа на универзумот. Оваа дуалистичка енергија лежи и во основата на нашите нематеријални способности и физички манифестации. Доколку сакаме да ги материјализираме нашите соништа, треба да ја прифатиме оваа двојност и да направиме простор и за емоциите и за логиката; и за вербата и за скептицизмот; и за интуицијата и за акцијата. Желките, кои се движат и во вода и во земја, на совршен начин ја отелотворуваат оваа дуалистичка енергија. Тие нè потсетуваат дека има време да им се препуштиме на емоциите и имагинацијата, но и дека има време да работиме на нашата цел.

2. Хармонија и рамнотежа

Нашите интуитивни и духовни навики мора да бидат синхронизирани со нашите постапки и дејствувања. Така, желбата е симбол на рамнотежата помеѓу машката енергија на дејствување и женската енергија на интуицијата.

3. Упорност и трпение

Желките се и симбол на упорноста, истрајноста, решителноста и трпението. Тие ни носат порака дека секој од нас треба да се стреми со решителен ум кон сопствената цел, без разлика колку долго може да трае патувањето, колку тежок може да биде товарот или со колку пречки морате да се справите на патот кон успехот. Желките ја преставуваат силата на умот преку која можеме да ги материјализираме нашите визии и соништа во конкретна реалност, наспроти сите предизвици.

4. Безбедност и заштита

Колку што е неопходно директно да се соочите со вашите предизвици, подеднакво важно е и да знаете кога треба да направите чекор назад. Во тој случај, желката претставува и мудрост која ни е неопходна за да процениме дали треба да се повлечеме (како што желката се повлекува во својот оклоп кога се соочува со опасност) или да преземеме ризик и да продолжиме напред.

5. Интроспекција

Нашата внатрешна мудрост е една од најважните алатки која ни помага да се справиме со сите предизвици во животот. Единствениот начин за усовршување на оваа алатка е преку медитација и интроспекција. Од тука произлегува и дека духовното значење на желката се состои во тоа да се „повлекуваме во себе“ одвреме-навреме за подобро да се спознаеме себеси.

6. Издржливост

Долговечноста е несомнено најважното духовно значење на желката. Нивниот животен век трае со децении, а некои живеат и до 100 години! Освен тоа, тие поднесуваат секакви неволји како напади од предатори и лоши климатски услови.

Откако прочитавте за духовната симболика на желките, можеби ќе сакате да ги прочитате и 34-те позитивни афирмации кои ќе го поддржат вашето духовно созревање.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар