Неделен хороскоп од 3 до 9 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 3 до 9 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Нова недела, нова астролошка прогноза. Прочитајте во продолжение што ве очекува во текот на оваа недела.

Неделен хороскоп од 3 до 9 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Можно е да очекувавте нешто поразлично од она што моментално го живеете и чувствувате, но тоа е само привремена фаза со која треба да се соочите на мудар начин. Сè уште имате доволно енергија за да се справите со сите предизвици на кои ќе наидете.

Кариера: Во текот на оваа недела ќе можете да се истакнете со вашата вештина да правите две работи истовремено. Искористете ја докрај за да бидете максимално продуктивни.

Бик

Љубов: Со партнерот ќе уживате во мирот и тишината на местата кои ви се добро познати. Така, ќе претпочитате да останете дома или во природа. Оние кои сè уште бараат сродна душа исто така нема да имаат желба за излегување, па најверојатно ќе се чувствуваат осамено.

Кариера: Неодамнешните искуства ќе ве убедат да преземате чекори за кои знаете со сигурност дека ќе бидат успешни. Сепак, одвреме-навреме вреди да ризикувате бидејќи не е сè толку тешко како што изгледа. Освен тоа, ќе наидете на неочекувана поддршка од другите.

Близнаци

Љубов: Ќе се интензивираат вашите излегувања, а тоа значи дека ќе имате можност да запознаете нови луѓе. Ќе бидете шармантни и ќе им оставите убав впечаток на другите.

Кариера: Ќе работите со поголемо задоволство со оглед на фактот дека ќе го решите проблемот кој долго време ве мачеше. Сепак, од вас ќе се бара поголем ангажман. Затоа, продолжете да давате сè од себе и не поставувајте премногу прашања.

Рак

Љубов: Бидете подискретни доколку некому му се додворувате. Доколку сте во врска, игнорирајте ги приговорите од страна на партнерот. Како што одминува неделата, вашите односи ќе се подобруваат. Бидете трпеливи.

Кариера: Не избрзувајте со вашите идеи, бидејќи иако некои врати се отворија, сепак сè уште не е време да ги споделите со другите. Работете во тишина и чекајте ги вашите пет минути.

Лав

Љубов: Многумина од вас ќе се чувствуваат осамено и ќе бидат измачувани од секојдневните копнежи. Доколку сте во врска, ве очекува период на предизвици кога ќе треба да останете присебни за да издржите докрај.

Кариера: Ќе верувате дека вие сте одговорни за подобрување на деловните резултати. Сепак, тоа нема да биде целосно точно бидејќи и другите вложија исто толку труд како и вие. Затоа, признајте им го тоа. На тој начин ќе можете да ја продолжите соработката со другите.

Девица

Љубов: Оние од вас кои знаат да љубат вистински, ќе љубат со сето свое срце, а другата страна нема да возвраќа толку интензивно. Сепак, прифатете го тоа што ви е на располагање бидејќи работите кога-тогаш ќе се подобрат.

Кариера: Ќе имате можност да ги усовршите вашите вештини на работа и ќе откриете нови детали за вашата професија. Сè на сè, ве очекува уште една фаза на учење и напредок. Освен тоа, добро ќе соработувате и со другите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар