Што да очекуваме во 2018 година според пророштвата на Баба Ванѓа?

Познатиот пророк Баба Ванѓа, е нарекувана Нострадамус на 21-иот век. Оваа жена направила некои предвидувања пред повеќе од 15 години кои се покажале како вистинити.

Што да очекуваме во 2018 година според пророштвата на Баба Ванѓа?

И покрај тоа што таа била потполно слепа, како дете успеала да ги предвиди нападите на кулите Близначки и цунамито во 2004-та година. Некои луѓе дури веруваат дека таа го предупредила светот за терористичката организација ИСИС уште пред неколку децении. Баба Ванѓа живеела нормален и скромен живот, и починала во 1996-та година. Но не само што имала способност да ја предвиди иднината, таа била позната и како исцелител.

Моќта за предвидување

Но како Баба Ванѓа успевала да ги предвиди настаните од иднината? Според сведоштвата, таа ја добила својата прва визија за иднината по ужасна бура од која и ослепела.

Како и Нострадамус, таа го гледала она што никој не го очекувал

Според оние кои ги толкуваат нејзините предвидувања, многу од нив се оствариле, вклучувајќи го и нападот во Њујорк на 11-ти септември. Се верува дека таа го предвидела нападот во 1989 година:

„Хорор, хорор! Американските браќа (се верува дека се смисли на кулите близначки) ќе паднат откако ќе бидат нападнати од метални птици. Волците ќе вијат во грмушки (се мисли на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш) и ќе потече невина крв.“

Таа исто така ја предвидела трагичната судбина на руската подморница Курск во 2000-та година:

„На почетокот на векот, во август 1999 или 2000 година, Курск ќе биде покриена со вода, а целиот свет ќе плаче за тоа.“

Што да очекуваме за 2018-та година според Баба Ванѓа?

Наводно, таа предвидела дека ќе откриеме „нов вид енергија“ од планетата Венера, која понекогаш ја нарекувала и сестра на Земјата. Пол Бирн, планетарен геолог кој ја испитува површината на Венера, во едно интервју изјавил:

„Нормално е да ја истражуваме Венера бидејќи таа е многу слична со нашата планета.“

И Венера и Земјата имаат многу слична густина, па дури и слична гравитација. Освен ова, Венера и Земјата немаат други сличности. Венера е неверојатно жешка, а денот на оваа планета трае подолго од нејзината година. Атмосферата е токсична бидејќи е речиси целосно направена од јаглероден диоксид.

Баба Ванѓа исто така предвидела дека во 2018-та година Кина ќе стане светска суперсила, надминувајќи ја САД и менувајќи ја економијата засекогаш.

Предвидувањата на Баба Ванѓа се отворени за толкување

Но дали е навистина можно да се предвиди иднината? И што ако овие толкувања се само интерпретации од разни луѓе кои успеале да ги поврзат точките? Интересно е она што ако подлабоко ги истражувате предвидувањата на Баба Ванѓа, ќе откриете листа на пророштва кои се наоѓаат онлајн барем 10-тина години. За жал, за овие пророштва нема наведено никаков извор. Се верува дека баба Ванѓа не била целосно писмена, па нејзините асистентите ги запишувале визиите кои ги имала.

Погледнете ги и овие тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар