Што ви предвидува месечниот кинески хороскоп за мај 2022?

Што ви предвидува месечниот кинески хороскоп за мај 2022?

Еве што ви предвидува кинескиот Зодијак за мај.

Што ви предвидува месечниот кинески хороскоп за мај 2022?

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Ова е месец кога ќе стекнете важни практични вештини кои можат да ви се најдат во иднина, а истовремено и ќе се подобрат вашите односи со претпоставените. Во поглед на здравјето, не игнорирајте ги пораките на вашето тело. Обидете се да поминувате повеќе време со семејството.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Сите ваши обиди за нови подвизи ќе бидат поддржани од луѓето околу вас. Големи се шансите да го потцените потребното и да посветите премногу внимание на непотребното. Затоа, не занемарувајте ги советите на поискусните од вас.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Некои од вас ќе имаат можност да се преселат, а некои ќе се здобијат со недвижен имот. Освен тоа, мај ќе биде поволен период за лични иницијативи, па така ќе реализирате голем дел од вашите планови.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Обидете се да го примените стекнатото знаење во пракса. Постои веројатност дека ќе биде одложено патувањето кое го планиравте во мај, но можни се и импулсивни реакции, обновување и прекин на комуникацијата со блиски луѓе. Сето тоа може да влијае врз вашиот финансиски потенцијал.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Во овој период ќе донесете важни одлуки кои ќе влијаат врз животите на луѓето околу вас. Ќе чувствувате притисок од страна на партнерот и претпоставените, но тоа ќе придонесе за промена на вашиот пристап кон парите и заедничките ресурси.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Постепено ќе ги решавате сите проблеми кои ви создаваа грижи досега. Освен тоа, мај ќе биде поволен месец и за носење одлуки, но и за промени. Тие ќе влијаат врз вашиот изглед и вашите интереси. Освен промени, ве очекува и напредок во поглед на кариерата.

Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Желбите и чувствата ќе станат вашата ѕвезда водилка во животот. Освен тоа, мај ќе биде одлично време за развој на емоционалната интелигенција. Ќе ве интересираат теми од областа на психологијата и ќе работите повеќе на личниот развој. Не се исклучува можноста да ги подобрите односите со семејството, пријателите и колегите.

Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Вашиот приоритет овој месец ќе биде работата и напредокот на професионален план. Посветете се на остварувањето на вашите цели, дури и кога ќе наидете на пречки и предизвици. Освен тоа, ќе имате и можности да ги зајакнете вашите вештини и да ја зголемите самодовербата.

Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Ве очекува голем успех на професионален план, а тоа ќе ви помогне да стекнете самодоверба и да продолжите напред. Освен тоа, мај ќе биде одличен период за патување, воспоставување нови врски и познанства.

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Мај ќе биде добар период за проширување на вашиот бизнис и стекнување соработка со нови луѓе. Од друга страна, обратете внимание на ризиците кои можат да настанат доколку патувате – подобро е да ги предвидите за да го намалите интензитетот на негативните емоции во тимот или семејството.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Обидете се да бидете колку што е можно поискрени во односот со другите и внимавајте да не дојде до тензични расправии. Од друга страна, мај нема да биде поволен период за воспоставување деловни контакти. Наместо тоа, насочете ја енергијата кон она во кое сте добри и обидете се да продолжите напред.

Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Во мај ќе имате можност да се вратите на вашата секојдневна рутина. Внимавајте на личното здравје, но исто така и на начинот на кој односот со другите влијае врз вашата самодоверба. Од друга страна, ве очекуваат успеси на професионален план, само доколку не се откажувате од вашите цели и замисли.

Откако го прочитавте кинескиот хороскоп за мај, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар