Само генијалци и шизофреничари можат да одговорат точно на овие 3 прашања

Одговорите на најдиректните прашања можат да откријат многу за еден човек и за тоа што се случува во неговата глава. Постојат одредени, навидум чудни и едноставни прашања што психолозите ги користат за да дознаат дали некој е генијалец или има проблеми со психата, или и двете. Ова се трите клучни прашања кои можат да откријат дали вашиот мозок повеќе работи како оној на генијалниот уметник Салвадор Дали или, пак, како на Лудиот шапкар од „Алиса во земјата на чудата“.

1. Што имаат заедничко чајник и пароброд?

Само генијалци и шизофреничари можат да одговорат точно на овие 3 прашања

  • Одговор

    Пареата.

2. Што имаат заедничко тркачки автомобил и торнадо?

Само генијалци и шизофреничари можат да одговорат точно на овие 3 прашања

  • Одговор

    Се движат во кругови.

3. Што имаат заедничко чевел и молив?

Само генијалци и шизофреничари можат да одговорат точно на овие 3 прашања

  • Одговор

    И двете оставаат трага зад нив.

А сега најинтересниот дел: Кои сте вие?

Доколку не можевте да се сетите на одговорите на овие прашања, не грижете се, вашиот мозок работи сосема во ред. Но, доколку ви се чинеа прилично едноставни, тогаш можно е да сте склони кон одредени психички проблеми.

Овој тест е пример на методот на контрапозиција што се користи за да се открие нечие ниво на свесност. Кога на некој со просечен ум ќе му биде поставено прашање: „Што имаат заедничко чавка и клупа?“, веројатно би одговорил со „Ништо“. И до некаде би бил во право. Но, кога се работи за човек со шизофренија, тој веднаш ќе почне да бара помалку очигледни и подлабоки поврзаности меѓу чавката и клупата. Без многу размислување ќе се обиде да објасни дека луѓето пишуваат писма на работна маса, а чавката има пердуви кои можат да послужат за пишување.

Но, како да направите разлика помеѓу шизофреничар и вистински генијалец? Разликата е во тоа што шизофреничарите веднаш ќе ги одговорат таквите прашања, а на генијалците ќе им треба време да се концентрираат, ќе ти отфрлат првите, најочигледни и најмалку интересни идеи што ќе им дојдат на памет и ќе смислат уникатен и креативен одговор.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. arso Reply

    da nema nekoe pravilo deka trkackite koli se dvizat vo lrug isto taka tornadoto se vrti i se dvizi no ne vo krug

Остави коментар