По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

Скромни, фалбаџии, сентиментални, практични…, различни сме дури и во неволја. Во тоа ќе се уверите и преку проектот „The Burning house“, кој ни поставува хипотетичко, но многу едноставно и добро прашање: „Што би понеле со себе, ако избувне пожар во вашиот дом?“ Идејата е генијална, а одговорите шаренолики.

Прочитајте како на оваа тема размислуваат луѓе од различни делови на светот, на различна возраст, со различна професија…

1. Брет Роговски

  • Години: 38
  • Живеалиште: Пенсилванија, САД
  • Професија: програмер, фотограф

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: џебно ноже, дрвен украс – татко со бебе (имавме проблеми со зачнувањето на првото дете, затоа овој подарок ми е од особена важност), медали од многу маратони, паричник, моите омилени Мизуно чевли, облека за моите две девојчиња, медицинска цуцла, хартиено маче – Paper mache cat (по едно вакво имавме јас и сопругата кога се сретнавме), мојата гитара (единствениот предмет кој го чувам повеќе од 15 години), вино од 2008 година (од денот кога се роди мојата ќерка), моето верно куче Gimli, пиротехника, кутија со различни цвеќиња (што ми ги подари сопругата пред повеќе од 11 години), црвен пипер, очила, моето омилено пенкало, мемориските картички, ајфон, ајпад, фотоапарат Canon 40D, 50 милиметарски и 125 милиметарски објективи, компјутер Dell 2600 (мојот живот е речиси комплетно дигитализиран во моментов), монохроматска слика од 2005 година.

2. Алекс Боениш

  • Години: 23
  • Живеалиште: Филаделфија, Пенсилванија
  • Професија: графички дизајнер

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: фотоапарат Canon Rebel Eos T2i со Tamron 17-50 милиметарски објектив (со него фотографирам), пиштол Sig Sauer P226 (Dark Elite), инхалатор (ќе ми треба после ползењето низ чадот), преклопен нож, мултифункциско ноже, омилената фотографија со мојата девојка, клучеви, визит карти, паричник, стара фотографија од дедо ми и неговиот автомобил, фотографија од баба ми (која ја направил дедо ми), обичен мобилен телефон, а не ајфон. Чудно, нели? 15-инчен лаптоп Macbook Pro.

3. Кери Пол

  • Години: 19
  • Живеалиште: Њу Џерси
  • Професија: сè уште е студент

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: сите луѓе и домашни миленичиња, велосипед, виолина, првото издание на речникот Вебстер од 1930 (подарок од дечко ми), платна, четки, маслени бои, лаптоп, мојот портокалов паричник, телефон, ајпод, очила, бисерен ѓердан и обетки од прабаба ми, бројаница што ѝ припаѓала на баба ми, прстен од кожа (ми го направи мајка ми), полароид фотографија од моето куче, обувки за планинарење, чантата на мајка ми (купена е во источен Берлин, пред падот на Берлинскиот ѕид), две од моите омилени плишани играчки, стари каубојски чизми од мојата мајка.

4. Кејт Мекаули

  • Години: 36
  • Живеалиште: Австралијка која моментално живее во Лондон
  • Професија: писател

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: мачка, скршена школка (првото нешто кое мојот сакан ми го подари по кусо време откако се запознавме во Порт Морезби, Папуа, Нова Гвинеја), потоа жад и сребрени обетки (исто така, подарок од мојот сакан, купени се во Мускат, Оман), сребрена нараквица (повторно подарок од него, купена е на пазар во Дуала, Камерун), копии на баба ми од делата на Оскар Вајлд, брезлетна од пазар во Кипар (подарок од саканиот), растенија од градината на мајка ми во Сиднеј и од мојот двор во Дубаи, орхидеите што ги добив за роденденот, еден куп бележници (во кои ги запишувам моите планови и прозата за моите новели), лаптоп Macbook Pro (во него се сместени мојот речиси завршен роман, фотографии и музика), ајфон, бронзена статуетка (купена во Дуала, Камерун), сребро, зелена ткаена шапка од Сиднеј, врамени фотографии од мене и од саканиот (сликани сме кај Гранд Кањон и пред Лувр), кактуси од Икеа.

5. Марта Васакс

  • Години: непознато
  • Живеалиште: Сан Франциско
  • Професија: инвеститор/колекционер

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: уметничка слика од боксер од 1935 година, две стаклени човечиња (подарок кој го купив за мојот татко), сет од моливи од Tombow, стари фотографии и фотографии за лична карта, материјал за цртежите на коишто работам во моментот, папка со скици од завршени портрети, моите чизми, ајпад 2 со слушалки и ајфон.

6. Кристијан Барон

  • Години: 39
  • Живеалиште: Бон, Германија
  • Професија: фотограф

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: моите омилени плочи (Kraftwerk, Kruder & Dorfmeister, Stone Roses, Dj Shadow, Pixies, Smiths, Blumfeld), часовник, телефон, хард диск со поголемиот дел од моите фотографии, мојот leica М7 со 35 милиметарски објектив, еден долар (којшто ми остана од моето прво патување во САД од пред 20 години), омилениот ремен, фармерки ramone (не се прикажани на фотографијата, бидејќи во моментот ги носам на себе), шише џин (ограничена серија), збирка од моите омилени испечатени фотографии, емулзија, мојот Hasselblad со 80 и 180 милиметарски објективи и две папки со најважните негативи.

7. Матео Сартори

  • Години: 44
  • Живеалиште: Торино, Италија
  • Професија: фотограф, програмер

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: лаптоп, надворешен хард диск, телефон, мојата музика, најновите книги (оние кои сè уште не ми се прочитани), моите патувачки записи, неколку семејни фотографии, пасош, удобна облека и обувки, паричник, батериска ламба, повеќенаменско џебно ноже, камера.

8. Емили Лорк

  • Години: 30
  • Живеалиште: Далас, Тексас
  • Професија: блогер, писател

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: забавни игри од детството (за носење), омилената чаша за кафе, пасоши, гитарата Гибсон од 1962 година (од мајка ми), омилен ремен, изводи на родените и на венчаните, машина за пишување „Royal Quite Deluxe“ од 1941 година (подарок од драги пријатели), лаптоп Macbook, ајфон, паричник, клучеви, чековна книшка, античка виљушка од коска (подарок од татко ми), кутија со рецепти и книга на баба ми, кожен дневник (со писмата од мене и мојот сопруг, кои си ги пишувавме еден на друг во изминатите 5 години), сина марама од мајка ми (од 1960 година), омилениот соларник и сад за црн пипер (ме потсетуваат на мојата сестра близначка), старомоден сад (подарок од мајка ми), античка кутија со пари (со заштедата за 25-годишнината од нашиот брак), фотоапарат Canon 40D (со него ја направив и оваа фотографија).

9. Роан Андерсон

  • Години: 35
  • Живеалиште: Баларат, Австралија
  • Професија: фотографија и дизајн

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: Часовник за нуркање Никсон, јапонски нож со коскена дршка (го поседувам цели 22 години), батериска LED ламба, ајфон, фотоапарат Nikon и објектив од 50mm f/1.4, 500 гига хард диск, лаптоп Macbook, очила (не гледам без нив), нож, CZ 22 Магнум (омилено оружје за лов), фармерки G-Star и јакна Barbor.

10. Дејвид Когинс

  • Години: непознато
  • Живеалиште: Њујорк
  • Професија: писател, сценарист

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: првото издание од Големиот Гетсби, две добри пенкала, отворач за шише, часовник, држач за цигари, матарка, омиленото англиско одело, чевли, вратоврска, антички казино чип, картичка за телефон, календар Smythson (п.с. килимите на фотографијата не се вклучени).

11. Рајли Мекмастер

  • Години: 22
  • Живеалиште: Ванкувер, Канада
  • Професија: нема (невработен)

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: Ако мојата куќа се запали, ќе се обидам да зграбам парче пица од фрижидерот. Пламените јазици можат само да го испечат.  И додека седнат во тревникот набљудувам како се кремираат сите мои животни колекции и куп непотребни работи, ќе се тешам со вкусното парче пица. 🙂

12. Кенис Милер

  • Години: 16
  • Живеалиште: средношколец на размена во Загреб, Хрватска (доаѓа од САД)
  • Професија: нема

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: дневник (мојот живот во една книга), шапка од H&M, омилените чевли, чевлите за балет, Nikon D3000, моите зум објективи, Minolta XG-M, мобилен телефон, марама, кафена кожена јакна (не е прикажана на фотографијата), пасош (имам големи амбиции, сакам да ги посетам сите места во светот… не можам да бидам долг период на една локација).

13.  Викторија Торн

  • Години: 52
  • Живеалиште: Калифорнија
  • Професија: мајчинство, уметник

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: децата, нивните уметнички дела, полароид од најмладот син (фотографиран на 3-годишна возраст), омилените книги (мои и на сестра ми), книга од мајка ми, торбата со мапи на татко ми, белегзија од еден пријател, брош направен од мојата прабаба, кучето, фотографии, намирници, прстен… Но, на крајот на краиштата, сè што навистина ви треба е љубов.

14. Хариет Хортон

  • Години: 24
  • Живеалиште: Лондон
  • Професија: препаратор на животни

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: мојата девојка (не е на фотографијата), препариран Феникс, лаптоп, ајпод, слушалки, Блекбери, паричник, скулптура од светицата Фатима, фотографии од детството, чевли.

15. Памела Лопс

  • Години: 33
  • Живеалиште: Париз, Франција
  • Професија: дизајнер

Во случај на пожар, по што најпрво би посегнале?

Листа: водич за тоа како да се изгради дрвена куќа, чекан, кабел, клинци, стари фотографии од семејството и од пријателите.

Проектот е отворен и за вашите одговори, кои слободно можете да ги споделите и тука со нас…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Антонио Reply

    “Femme Fatale” – оригиналниот албум он Бритни Спирс, телефонот, паричникот, некои поважни подароци и слики, малку храна, алишта и слично. 🙂

  2. Bee. Reply

    Импресивно е тоа што повеќето од нив се исклучително креативни луѓе со неверојатно интересни професии.

  3. IInn L00veee Reply

    Lap Top,Mobilen(Htc),My dog ..

  4. GNRaddict Reply

    Само Gibson-ot…

  5. WaWa Reply

    Пари,Документи,Телефон,Апарат Nikon D3200,Храна,Облека,Патики,Спомени некои..

  6. Блабла Reply

    Бен(моето куче),лаптопот,пасошот и сите пари

Напиши одговор на Антонио Откажи одговор