Откријте каква е нечија сексуалност според крвната група

Се работи за едно необично верување во Јапонија според кое крвната група е подеднакво заслужна за одредени особини на луѓето како и хороскопскиот знак, па преку неа може да се одреди и каков ќе ви биде љубовен живот.

otkrijte-kakva-e-nechija-seksualnost-spored-krvnata-grupa-kafepauza.mk

Група А

Луѓето со оваа крвна група се искрени, чувствителни, трпеливи и резервирани. Добри партнери се и на нив секогаш можете да сметате. Најверојатно не се премногу забавни во кревет, но тоа го надоместуваат со одличните социјални вештини, па се, на пример, многу добро друштво за вечера. Многу се добри кога некому му е потреба емоционална потпора, одлични родители се и знаат да се снаоѓаат во стресни ситуации.

Група Б

Диви, страсни, креативни и силни, оваа група е идеална за избегнување во Јапонија, но во отворените култури веројатно ја сочинуваат оние „лоши момци“ кои ги обожаваме. Во врска се себични и неодговорни, но тоа понекогаш е токму она што го бараме.

Група АБ

Ладни глави, смирени, рационални луѓе со изразена дружељубива нота. Лесно се прилагодуваат на која било ситуација. За врска се одлични, но на едно мора да бидете подготвени: луѓето со оваа крвна група никогаш нема да ви ја возвратат љубовта во иста мера во која ја земаат од вас. Освен тоа, тие се одлично друштво за забава, а единствена мана им е преголемата критичност.

Група 0

Дружељубиви и оптимистични, сопствениците на оваа крвна група ќе се сложат со сите предлози и нема премногу да инсистираат на свои. Топли личности се, сакаат да се галат и имаат одлично чувство за романтика. Во љубовните врски покажуваат и неколку лоши страни: љубоморни се, суетни и арогантни, така што не е изненадувачки ако мислат дека имаат право да му копаат во телефонот на својот партнер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар