Од шега на Тиндер до прв љубовен состанок на Хаваи: Дознајте зошто цел свет навива за Џош и Мишел!

21-годишната Мишел Арендас и 22-годишниот Џош Авсек никогаш се немаат запознаено во живо, но тие комуницираат на Тиндер од 2014 година, откако апликацијата ги споила како потенцијален пар. Во тоа време Тиндер бил нешто сосема ново и никој не го сфаќал сериозно, но Џош сепак решил да ѝ пише на Мишел која му се чинела малку „поинаква“ од останатите девојки што таму ги сретнал.

(1) od-shega-na-tinder-do-prv-ljuboven-sostanok-na-havai-doznajte-zoshto-cel-svet-naviva-za-dzhosh-i-mishel-www.kafepauza.mk

„Здраво Мишел“, ѝ пишал тој во септември 2014 година. Два месеца подоцна, таа конечно одговорила: „Здраво, извини телефонот ми умре“. Бидејќи таа имала навика да ја брише апликацијата и одново да ја симнува, често се случувала да пропушта пораки или предоцна да ги гледа, па затоа и решила овој пат да се пошегува со ситуацијата. Џош ја ценел шегата, па решил да ја продолжи така што по два месеца чекање, конечно ѝ пишал: „Здраво, извини, се туширав“.

Комуникацијата меѓу нив двајца продолжила на истиот начин, со месеци меѓу секоја порака, во следните три години. Но нештата брзо се смениле кога Џош решил да ги сподели на Твитер пораките меѓу него и Мишел на Твитер, со цел да ги запознае своите пријатели со оваа девојка. Тој ни на сон не помислил дека твитот ќе стане толку популарен, што најпрво ќе стигнат до Мишел, а потоа и до тимот на Тиндер.

(3) od-shega-na-tinder-do-prv-ljuboven-sostanok-na-havai-doznajte-zoshto-cel-svet-naviva-za-dzhosh-i-mishel-www.kafepauza.mk

Најинтересно е тоа што и двајцата биле заинтересирани еден за друг, но мислеле дека другиот се шегува, па ниту еден од нив не го почнал разговорот за да се видат во живо. Но затоа е тука Твитер заедницата! Набрзо целиот свет му порачувал на Џош да се ожени со Мишел бидејќи дека тие се совршениот пар. И иако продолжиле да се шегуваат, од Тиндер се вмешале така што им рекле да одберат еден град, кој било во светот, за нивниот прв љубовен состанок и целиот пат ќе им биде платен.

И секако, тие без размислување го одбрале Мауи, на Хаваи! Зарем има подобро место за прв состанок? Додека тие се спремаат за патување од соништата, ние сме во исчекување на нивното запознавање… Имаме чувство дека ќе започне љубовна приказна, што со години ќе ја следиме! Што мислите вие?

(2) od-shega-na-tinder-do-prv-ljuboven-sostanok-na-havai-doznajte-zoshto-cel-svet-naviva-za-dzhosh-i-mishel-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар