Неверојатната приказна на жената која родила дури 69 деца

Неверојатната приказна на жената која родила дури 69 деца

Децата се вистинско богатство, но денес повеќето луѓе се одлучуваат да имаат 2 или 3. Сепак во минатото, односно во 18-тиот век, постела жена која родила дури 69 деца. Според некои извори, нејзиното име било Валентина Василиева и таа го држи Гинисовиот рекорд за најмногу родени деца. Без сомнение, нејзината приказна што ги тестира границите на женското тело предизвикала многу дебати.

Неверојатната плодност на руските селани

Неверојатната приказна на жената која родила дури 69 деца

Валентина Василиева била сопруга на селанецот Феодор Василиев од Шуја, Русија. Семејството живеело во 1700-тите, односно помеѓу 1707-ма и 1782-ра година. Се верува дека Валентина умрела на 76-годишна возраст оставајќи зад себе 69 деца, од кои само 2 умреле додека биле бебиња. Според Гинисовата книга на рекорди, жената имала 27 породувања и родила 16 близнаци, 7 тројки и 4 четворки.

Нормално, таа не раѓала во текот на целиот нејзин живот. Најверојатно нејзините „плодни“ години биле помеѓу 1725-та и 1765-та година. Ова значи дека таа ги родила децата во текот на 40 години.

Просечната бременост трае 40 недели. Но, колку повеќе деца има во матката, толку се поголеми шансите породувањето да започне порано. Според пресметките на ВВС, Валентина би можела да има бремености од 37 недели со близнаците, 32 недели со тројките и бремености кои траеле 30 недели со четворките. Кога ќе се собере сето тоа, Валентина поминала цели 18 години бремена. Вистински предизвик, зарем не?

Експертите за репродукција се полни со прашања

Неверојатната приказна на жената која родила дури 69 деца

Иако теоретски Валентина имала доволно време да ги роди сите деца, треба да се земат предвид уште неколку факти.

Постои нешто наречено повеќекратна овулација кога женското тело ослободува неколку јајце клетки во еден циклус. Иако ова не е често (околу 5% до 10% од сите менструални циклуси на една жена), постои можност Валентина да била феномен. Исто така постои можност да го избегнала синдромот на исчезнување на близнак, односно кога еден или повеќе од близнаците се апсорбирани од плацентата, посилниот фетус, па дури и од телото на мајката. Овој синдром е навистина чест кај бременостите со повеќе фетуси и се случува во 21% до 30% од случаите.

Друг важен фактор е тоа што бременоста и породувањето се вистински предизвик за женското тело. Кога временската разлика помеѓу две бремености е помала од 18 месеци, се зголемува ризикот од компликации и за мајката и за детето. Женското тело нема доволно време да закрепне од претходната бременост и да ги надополни изгубените хранливи материи. Ако 2 вакви бремености предизвикуваат проблем, замислете што би се случило со 27.

Покрај тоа експертите се сомневаат дека олку многу деца, па дури и нивната мајка, би преживеале дури и со денешната медицина, а не па во село во Русија во 18-тиот век. Во тој период секоја бременост била ризична. Покрај тоа ако се земе предвид фактот дека селаните морале истовремено да работат и да се грижат за децата, целата приказна звучи уште поневеројатно. Исто така овде се храната и облеката потребни за олку многу деца.

Приказната е поддржана со факти

Неверојатната приказна на жената која родила дури 69 деца

Кога ги знаете научните факти, навистина е тешко да поверувате во оваа приказна. Но, постојат историски факти кои целосно ја поддржуваат приказната на Василиеви.

На 27-ми февруари 1782-ра година, во Москва била испратена листа до манастирот Св. Никола која докажувала дека во тој период Феодор имал 82 живи деца од 2 брака. Неговата претходна жена родила 18 деца – 12 близнаци и 6 тројки. Податоците од листата биле објавени во 1834-та година во весникот „Санкт Петербург панорама“.

Во 1783-та година во магазинот Gentleman’s била објавена статија во врска со приказната на Василиеви. Авторот на листата изјавил дека неверојатната плодност може да биде поради жената, поради мажот или поради двајцата, но најверојатно причината е Феодор бидејќи сличната приказна се повторила и со неговата втора сопруга.

Наводно Француската научна академија се обидела да го истражи случајот и добила информација дека семејството живеело во Москва и добивало помош од државата.

Семејството Василиеви

Неверојатната приказна на жената која родила дури 69 деца

Често се верува дека ова е фотографијата на којашто е прикажано семејството, но тоа тврдење е погрешно. На оваа фотографија се гледа семејството на Џосеф Ф. Смит, еден од претседателите на црквата ЛДС. Тој бил венчан 6 пати и станал татко на 45 биолошки и 5 посвоени деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар