Научниците сметаат дека убавината е чувство, а не физичка карактеристика

Изгледа дека дефиницијата за убавина е преземена од физичките и материјалните стандарди. Но според едно ново истражување, убавината е чувство, а не начин да се опише нечиј физички изглед.

Научниците сметаат дека убавината е чувство

За истражувањето научниците ги анализирале учењата и размислувањата на неколку филозофи – од Платон до Оскар Вајлд. Анализата покажала дека убавината е чувство на задоволство, а кога се зголемува чувството за убавина се зголемува и задоволството. Убавината е нешто емоционално и нешто опипливо. Постои убавина во реакцијата на моментот, но и во самиот момент. Убавината е нешто што може да се чувствува цел ден, секој ден. Но, потребно е вие да ја направите таа конекција. Погледнете како да се чувствувате убаво без разлика каде сте и кои сте.

1. Одвојте време за медитација

Секогаш кога сте присутни во сегашниот момент, затворете ги очите и дишете. Вдишувајте длабоко. Обидете се да ја исклучите вревата околу вас и фокусирајте се само на вашите чувства. Препознајте ги, почитувајте ги и продолжете го денот со благодарност.

Медитацијата, дури и само неколку минути дневно, е одличен начин да изградите емоционална стабилност и да го зголемите внатрешното задоволство. Односно, колку почесто ги проверувате вашите емоции, толку полесно ќе ги идентификувате нештата што ве прават среќни.

2. Користете ги умот и рацете за нешто креативно

Доколку пишувате, цртате или правите што било креативно, сигурно знаете колку добро се чувствувате потоа. Овие активности се можеби најдобриот начин да направите да се чувствувате убаво. Цртањето, пишувањето и сликањето можат да ја зголемат креативноста, самодовербата и чувството на убавина.

3. Живејте автентично

Сигурно уште од мали ве учеле да бидете свои, но понекогаш чувствувате како да треба да се вклопите во некој шаблон. Ова воопшто не е вистина и колку поавтентично го живеете вашиот живот, толку поубав ќе ви биде секој ден. Автентичноста започнува со свесноста за себе, а ова значи да не се плашите да го покажувате вашето вистинско лице пред сите. Нештата што ги гледате како добри или лоши треба да ги споите и да ги прифатите.

Погледнете ги и навиките кои ќе ви донесат мир и убавина во секој ден.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар