Брилијантни цитати од „Алиса во земјата на чудата“ кои совршено го отсликуваат животот

„Алиса во земјата на чудата“ се смета за еден од најдобрите примери во литературата за жанрот на апсурдот и глупоста. Широка литературна категоризација која ги балансира елементите кои имаат смисла и оние кои немаат, со ефектот на двосмислен јазик и бројни стилски фигури, како и логиката и разумот. Безвременското дело на Луис Карол е преполно со значење и знаење кое не само што е невозможно да се интерпретира, туку e и златен рудник на животни вистини кои се јасни до ден денес, дури 150 години подоцна.

Брилијантни цитати од „Алиса во земјата на чудата“ кои совршено го отсликуваат животот

„Всушност, најдобриот подарок кој можеше да ѝ го подариш е живот исполнет со авантури.“

„Но, за малку ќе заборавев, треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“

„Еден ден Алиса на патот пресретнала еден чеширски мачор. ‘По кој пат да тргнам?’ – го прашала таа. ‘Каде сакаш да одиш?’ – ја прашал мачорот. ‘Не знам.’ – рекла Алиса. ‘Тогаш, не е важно.’ – одговорил мачорот.“

„‘Колку долго трае засекогаш?’ – прашала Алиса. ‘Понекогаш, трае само 1 секунда.’ – ѝ одговорил белиот зајак.“

„’Дали полудев?’ – прашал лудиот шапкар. ‘Се плашам дека да. Ти си целосно луд. Но, ќе ти кажам една тајна, најдобрите луѓе на светот се луди.’ – рекла Алиса.“

„Знаев која сум ова утро, но се променив неколку пати оттогаш.“

„Имагинацијата е единственото оружје во борбата против реалноста.“

„’Ова е невозможно!’ – рекла Алиса. ‘Само ако веруваш дека е!’ – ѝ одговорил лудиот шапкар.’“

„Знаеш ли што е проблемот со овој свет? Сите сакаат магично решение за нивните проблеми, а сите одбиваат да веруваат во магија.“

„Порано беше многу… повеќе. Си го изгубила своето повеќе.“

„Би било толку убаво кога нешто би имало смисла, за промена.“

„Ти си едно реално нешто во еден нереален свет и верувам дека заради тоа си во голема болка.“

„’Која си ти?’ – прашала гасеницата. ‘Не знам, господине, знаев која сум, но мислам дека се променив.’ – му одговорила Алиса.“

„Ако имав мој сопствен свет, сѐ би било глупост. Ништо не би било тоа што е, затоа што сѐ би било тоа што не е. И, спротивно на тоа, тоа што е, не би било. И тоа што не е, би било. Разбираш?“

„Не можам да се вратам вчера, затоа што тогаш бев друга личност.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар